Close Menu
Press24
    Најново

    Пукале со огнено оружје на семејна веселба – две лица приведени во крушевско

    04.05.2026 во 14:49

    Масовно апсење во центарот на Скопје: Осум лица нападнале сопружници со мали деца

    04.05.2026 во 14:41

    32-годишен скопјанец тешко повреден од струен удар во Куманово

    04.05.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пукале со огнено оружје на семејна веселба – две лица приведени во крушевско
    • Масовно апсење во центарот на Скопје: Осум лица нападнале сопружници со мали деца
    • 32-годишен скопјанец тешко повреден од струен удар во Куманово
    • Министерката Димитриеска-Кочоска во Брисел на дијалог за економски политики со ЕУ
    • (ФОТО) Внимавајте: Не го отворајте линкот за „сообраќајна казна“ – кружат лажни СМС пораки за наплата на казни
    • Министерство за правда: Се комплетира документацијата за Никола Груевски, постапуваме согласно законите
    • Инцидент на кошаркарски натпревар во „Јане Сандански“: Се обидел физички да го нападне делегатот
    • Скопјанка затекнала жена со повредено новороденче пред својот дом: Полицијата ја уапси мајката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски на министерска тркалезна маса во Њујорк: Човековите права мора да бидат во срцето на реформите на ОН

    Муцунски на министерска тркалезна маса во Њујорк: Човековите права мора да бидат во срцето на реформите на ОН

    22.09.2025 во 22:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше на министерска тркалезна маса во Њујорк, посветена на темата: „Промоција и заштита на човековите права преку реформата на ОН 80“. Настанот беше организиран по покана на министрите за надворешни работи на Холандија и Чиле.

    Во своето обраќање, Муцунски потенцираше дека годината во која се одбележуваат 80 години од основањето на Обединетите нации е историска можност не само за славење на досегашните достигнувања, туку и за соочување со новите глобални предизвици што директно ги засегаат човековите права.

    „Иако организацијата има значаен придонес, светот и понатаму се соочува со сериозни закани како што се вооружени конфликти, климатски промени, технолошка трансформација, дезинформации, растечка нееднаквост и миграции“, истакна Муцунски.

    Тој додаде дека Северна Македонија, како членка на Советот за човекови права за периодот 2025–2027, останува силно посветена на поддршка на иницијативите што имаат цел да го унапредат делувањето на Обединетите нации преку независност, одговорност, ефикасност и ефективност.

    Муцунски ја нагласи важноста од вистински дијалог меѓу земјите-членки и соработка заснована на почитување на човековото достоинство и основните права како централен елемент на сите идни реформи на ОН.

    Прочитај повеќе

    Пукале со огнено оружје на семејна веселба – две лица приведени во крушевско

    04.05.2026 во 14:49

    Масовно апсење во центарот на Скопје: Осум лица нападнале сопружници со мали деца

    04.05.2026 во 14:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.