- Мицкоски: Во ТИРЗ се реализираат инвестиции од 650 милиони евра, ќе се отворат 5.000 нови работни места
- Мицкоски: 22 години од смртта на Борис Трајковски – неговото лидерство беше водено од визија за европска Македонија
- Напад во домот за стари лица во Куманово: Скопјанка заврши во болница
- Поранешниот градоначалник на Кичево заработи кривична – го оштетил општинскиот буџет за над 1,4 милиони денари
- Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, воведуваме ред за парите да завршат кај вистинските земјоделци
- Следува температурен шок – УХМР со најнова прогноза
- Драма во кривопаланечко: Приведена една од ќерките на сопственикот на кравите
- Скопјанка фатена со марихуана на влез во „Идризово“
Author: Author 03
Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави интерпелација за членката на Антикорупциската комисија (ДКСК), Цвета Ристовска. Интерпелацијата доаѓа по скандалите коишто деновиве ги изнесе на виделина Левица, но и низата скандали коишто ја пратат Ристовска веќе месеци наназад. „Не знаеме кој по ред скандал е ова со членката на ДКСК, Цвета Ристовска“, рече Крмов и образложи дека во анкетниот лист што Ристовска го поднела во 2024 година при стапување на функција, не биле пријавени две фирми на нејзините деца, Буcт ДООЕЛ и Буcт Медиа ДООЕЛ. Според Крмов токму овие фирми за време на претседателската изборна кампања добиле околу…
Шест лица и двајца малолетници уапсени изминатата ноќ за поседување дрога. – На 03/04.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Л.(24), А.А.(32), А.А.(38), Д.И.(18), А.М.(35), 17-годишник и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје и А.К.(45) од село Морани, општина Студеничани, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана, соопштија од МВР. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Американскиот претприемач Илон Маск стана првиот човек во историјата чие богатство надминува 800 милијарди долари, откако неговата фирма Спејс Икс (SpaceX) ја купи неговата компанија за вештачка интелигенција xAI. Форбс проценува дека оваа трансакција, која ја вреднува обединетата компанија на 1,25 трилиони долари, го зголемила богатството на Маск за 84 милијарди долари на рекордни 852 милијарди долари. Пред оваа зделка, Маск поседуваше околу 42 отсто удел во компанијата Спејс Икс вредни 336 милијарди долари, врз основа на тендерската понуда покрената во декември која ја процени вредноста на оваа приватна компанија за производство на ракети на 800 милијарди долари. Покрај тоа,…
Од МВР за Пресс24 ја потврдуваат акцијата за опојна дрога која се одвива вечерва но без да откријат повеќе детали. „МВР во координација со ОЈО ГОКК презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица во врска со опојна дрога. Повеќе детали по завршувањето на активностите“, велат од МВР за Пресс24. Како што известивме претходно вечерва е во тек полициска опсада на повеќе објекти и локации во Струмица и Струмичко, а воедно и објектот во Скопје во поранешниот комплекс „Охис“ е целосно запоседнат од властите од четврток вечерта. Наводно вклучени се повеќе институции полиција, царина, здравствени служби и…
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека американската војска извела серија од пет прецизни воздушни напади врз локации на Исламската држава (ИСИС) во Сирија. Операцијата била насочена кон клучни позиции на терористичката организација, со цел да се оневозможат нивните капацитети за планирање и извршување напади во регионот и пошироко. Според официјалното соопштение, нападите биле извршени врз логистички центри и засолништа на екстремистите, а првичните проценки укажуваат дека нема цивилни жртви. Овие воени активности се дел од континуираните напори на САД и нивните коалициски партнери за одржување на притисокот врз преостанатите ќелии на ИСИС, кои сè уште се обидуваат да се…
Светот се наоѓа на работ на нова и неконтролирана трка во вооружување, додека часовникот отчукува за „Нов СТАРТ“ (New START) – последниот преостанат договор за контрола на нуклеарното оружје меѓу САД и Русија. Со оглед на тоа што рокот на овој историски документ истекува набрзо, дипломатите и безбедносните експерти алармираат дека за првпат по неколку децении, двете најголеми нуклеарни сили би можеле да останат без никакви меѓусебни ограничувања. Договорот „Нов СТАРТ“, потпишан во 2010 година, го ограничува бројот на распоредени стратешки нуклеарни боеви глави на 1.550 за двете страни. Сепак, геополитичките тензии предизвикани од војната во Украина веќе доведоа до…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето последно обраќање до јавноста најави дека наскоро ќе се реализира нова, значајна размена на затвореници меѓу Украина и Русија. Според неговите зборови, подготовките се во финална фаза, а процесот е резултат на долги и тешки преговори со цел да се вратат што е можно повеќе украински бранители и цивили кои се наоѓаат во руско заробеништво. Зеленски истакна дека државата прави максимални напори за секој свој граѓанин и дека ниту еден заробен Украинец нема да биде заборавен. Тој нагласи дека во претстојната размена се вклучени војници кои учествувале во одбраната на различни фронтови, вклучително и…
Неофицијално вечерва е во тек полициска опсада на повеќе објекти и локации во Струмица и Струмичко, а воедно и објектот во Скопје во поранешниот комплекс „Охис“ е целосно запоседнат од властите од четврток вечерта. Наводно вклучени се повеќе институции полиција, царина, здравствени служби и јавно обвинителство а се насочени кон мрежата на т.н. „легални“ производители на канабис кои со години ја злоупотребуваат дозволената дејност. За сега нема потврди, нема деманти. Премиерот Мицкоски денес при изјавите за медиуми не сакаше да се впушта во детали за марихуаната запленета во Србија, што говори дека во позадина била опсежна акција на МВР. Повеќе…
Иранските власти донесоа револуционерна одлука со која официјално им се дозволува на жените да управуваат со мотоцикли и да добиваат возачки дозволи за оваа категорија возила. Со овој потег се става крај на долгогодишната правна нејаснотија која ги спречуваше жените да бидат рамноправни учесници во сообраќајот на две тркала. Како што пренесуваат светските медиуми, одлуката доаѓа по потпишувањето на специјалната резолуција од страна на првиот потпретседател на Иран, Мохамед Реза Ареф. Иако во иранскиот закон досега не постоеше експлицитна забрана за жените да возат мотори или скутери, полицијата во пракса систематски одбиваше да им издава дозволи. Оваа „сива зона“ создаваше…
Рајан Рут (59) ќе го помине остатокот од својот живот зад решетки, откако федералниот суд во Форт Пирс му изрече доживотна затворска казна за обидот за атентат врз Доналд Трамп. Пресудата доаѓа по судскиот процес во кој беше утврдено дека Рут планирал да пука во тогашниот претседателски кандидат, а денешен претседател на САД, додека тој играл голф на својот терен во Флорида во септември 2024 година. Судските наоди откриваат дека Рут бил добро подготвен – тој бил забележан како се крие во грмушките во близина на „Trump International Golf Club“ во Вест Палм Бич, вооружен со полуавтоматска пушка и опрема…
