Close Menu
Press24
    Најново

    Крвава пресметка во кумановско Романовце: 25-годишник избоден од двајца сограѓани, меѓу кои еден е малолетник

    11.06.2026 во 14:45

    Ужас во Куманово: Бебе од 14 месеци се затруло со средство за чистење, полицијата врши увид

    11.06.2026 во 14:42

    Алиу пресече: Новиот клинички центар најевтино е да се гради до болницата „8 Септември“

    11.06.2026 во 14:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Крвава пресметка во кумановско Романовце: 25-годишник избоден од двајца сограѓани, меѓу кои еден е малолетник
    • Ужас во Куманово: Бебе од 14 месеци се затруло со средство за чистење, полицијата врши увид
    • Алиу пресече: Новиот клинички центар најевтино е да се гради до болницата „8 Септември“
    • Инцидент на Бит Пазар: Скопјанка физички нападнала контролор на ЈСП бидејќи немала билет
    • Голем дел од Скопје утре ќе остане без струја: Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Мицкоски: Парламентарни избори ќе има „многу скоро“
    • Алиу: Македонија пристапува кон „EU4Health“, се отвора европска здравствена врата за нашите институции
    • Општина Центар исплати над 1,3 милиони денари за новороденчиња од почетокот на годинава
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Илон Маск стана првиот човек со богатство над 800 милијарди долари

    Илон Маск стана првиот човек со богатство над 800 милијарди долари

    04.02.2026 во 23:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претприемач Илон Маск стана првиот човек во историјата чие богатство надминува 800 милијарди долари, откако неговата фирма Спејс Икс (SpaceX) ја купи неговата компанија за вештачка интелигенција xAI.

    Форбс проценува дека оваа трансакција, која ја вреднува обединетата компанија на 1,25 трилиони долари, го зголемила богатството на Маск за 84 милијарди долари на рекордни 852 милијарди долари.

    Пред оваа зделка, Маск поседуваше околу 42 отсто удел во компанијата Спејс Икс вредни 336 милијарди долари, врз основа на тендерската понуда покрената во декември која ја процени вредноста на оваа приватна компанија за производство на ракети на 800 милијарди долари.

    Покрај тоа, се проценува дека Маск поседувал 49 отсто удел во фирмата xAI вредни 122 милијарди долари, врз основа на приватен круг на финансирање кој таа компанија ја вреднуваше на 250 милијарди долари на почетокот на овој месец.

    Форбс смета дека Маск сега поседува 43 отсто удел во обединетата компанија вредни 542 милијарди долари.

    Секако, тоа не е сè, бидејќи Маск поседува и 12 отсто удел во компанијата Тесла вредни 178 милијарди долари, но и опции на акции на Тесла за 124 милијарди долари.

    Рекордниот платен пакет кој акционерите на Тесла го одобрија во ноември би можел на Маск да му донесе уште еден трилион долари доколку компанијата оствари многу амбициозни цели во наредните 10 години.

    Маск во само четири месеци собори четири големи рекорди, бидејќи во октомври 2025 година стана првиот човек во историјата со богатство поголемо од 500 милијарди долари.

    Потоа, веќе на 15 декември ја помина границата од 600 милијарди долари, а само четири дена подоцна, по одлуката на судот во Делавер за враќање на правата на опциите за акции, ја освои и границата од 700 милијарди долари.

    Маск сега е за рекордни 578 милијарди долари побогат од втората најбогата личност на светот, соосновачот на Гугл, Лари Пејџ, чиј имот се проценува на 281 милијарда долари.

    Прочитај повеќе

    Дневен хороскоп: Лавот под притисок во кариерата, Шкорпијата пред љубовен предизвик

    11.06.2026 во 09:03

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.