Author: Author 03

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Собранието, одговарајќи на новинарско прашање, остро ја критикуваше Владата за најавата за купување нов владин авион, во услови кога граѓаните и работниците се соочуваат со сериозни егзистенцијални проблеми. „Ова воопшто не зачудува, затоа што власта досега покажа со сѐ досега дека се грижи само за себе. Како може да ги остави тие луѓе така да некој друг ги менаџира работиве. Па, одговорна власт се грижи за сѐ, најмногу за квалитетот на животот на граѓаните“, истакна Филипче. Филипче нагласи дека додека работниците протестираат и бараат повисоки плати за да можат да врзат крај со…

Повеќе

На 08.02.2026 во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка.

Повеќе

Бракот и долготрајните врски често се опишуваат како предизвик, но тоа не значи дека треба да бидат постојано тешки и исцрпувачки. Според авторката и колумнистка Сузана Б. Луис, одредени модели на однесување што произлегуваат од емоционална незрелост можат со текот на времето сериозно да го нарушат односот. Токму ваквите навики создаваат напнатост, недоразбирања и чувство на емоционална исцрпеност кај двајцата партнери. Еден од најчестите знаци е склоноста кон драматизирање на ситници. Претераните реакции на мали проблеми создаваат непотребна тензија и го прават секојдневието во врската потешко отколку што навистина е. Наместо смирено решавање, ваквото однесување води кон дистанца и замор…

Повеќе

Без струја, греење и топла вода цел ден. Студентите во студентскиот дом во Никола Карев во Охрид повеќе од 8 часа се без електрична енергија, а со тоа и без греење и без топла вода. „Струја во домот нема од утрово од 10:00 часот, и според информациите од студентите, прекинот е во целиот дом, додека во околината има редовно снабдување. До овој момент не е познато кога струјата ќе биде повторно пуштена, ниту има официјална информација од надлежните“, пренесува гласникот Студентарија на социјалната мрежа Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Студентарија (@studentarijamk) Според сведоштвата на студентите,…

Повеќе

Лавот, Овенот и Рибите не се откажуваат лесно – кога ќе си постават цел, одат до крај без разлика на пречките. Постојат луѓе кои едноставно не се помируваат со пораз. Во астрологијата, овие три хороскопски знаци важат за најупорни, бидејќи секогаш наоѓаат начин да го добијат тоа што го сакаат. Нивната сила не е само во желбата, туку и во истрајноста. Лавот е самоуверен и јасно знае што сака од животот. Кога ќе си постави цел, не дозволува мислењата на другите да го поколебаат. Неговата упорност доаѓа од силната верба во себе и чувството дека успехот му припаѓа. Овенот е…

Повеќе

Франција планира да испрати писмо до сите 29-годишници во земјата за да ги охрабри да размислат за родителство „пред да биде предоцна“. Стотици илјади млади луѓе ќе го добијат писмото, кое има за цел да обезбеди целни, избалансирани и научно засновани информации за сексуалното и репродуктивното здравје за да се избегне жалење подоцна, соопшти Министерството за здравство. Мерката е дел од поширок план од 16 точки за справување со опаѓачката стапка на наталитет во Франција, но некои во јавноста се скептични во врска со нејзината ефикасност, објавува The Independent. Борба против неплодност Според официјалните бројки, неплодноста влијае на еден од…

Повеќе

Судот во Австрија донесе пресуда за еден од најстрашните случаи на семејно насилство во поновата историја на земјата. Мајката и таткото на тригодишното момче се осудени на доживотен затвор откако беше докажано дека со месеци систематски го малтретирале и измачувале своето дете, што на крајот резултирало со негова смрт. Детали за случајот Според обвинението, малиот Леон бил изложен на незамисливо насилство во домот. Извештаите од обдукцијата и вештачењата покажаа дека детето било: Образложение на пресудата Судијата при изрекувањето на казната нагласи дека „степенот на суровост е надвор од секаков човечки разум“. Иако одбраната се обидуваше да извојува помали казни, повикувајќи…

Повеќе

Вечерва имаше прва редовна седница на новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Во рамките на кадровските освежувања, Извршниот Комитет донесе одлука за распишување на огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Се донесе одлука за избор на повеќе претседатели на партиски комисии. За Претседател на Комисија за здравство избран е Сашо Клековски, за Претседател на кадрова комисија е избран Благоја Ташаминов, Претседател на комисија за безбедност и одбрана е Панче Тошковски, додека нов Претседател на комисија за туризам…

Повеќе

Британската влада се наоѓа во сериозна криза откако денеска оставка поднесе и шефот за комуникации на премиерот Кир Стармер, Тим Алан. Неговото заминување е дел од поширокиот бран оставки кои го тресат Даунинг стрит, предизвикани од контроверзното назначување на Питер Манделсон за нов амбасадор во САД. „Чистка“ на Даунинг стрит за нов почеток Тим Алан, во своето официјално соопштение, посочи дека неговото повлекување е стратешки потег за доброто на владата. „Одлучив да се повлечам за да дозволам изградба на нов тим на Даунинг стрит. Им посакувам на премиерот и на неговиот тим секаков успех“, изјави Алан. Овој потег доаѓа само…

Повеќе

Министерот за правда, Игор Филков, реагира на изјавата на вицепремиерот Беким Сали во врска со барањето на студентите за полагање на правосуден испит на албански јазик. -Времето кога Уставот и законите се толкуваа според дневнополитички потреби, а не според нивната содржина, заврши со заминувањето на СДСМ–ДУИ од власт. Оваа Влада нема намера да ја продолжи праксата на правен релативизам, институционален хаос и селективна примена на нормите. Напротив, обврзани сме да воспоставиме јасни правила, правна сигурност и целосно почитување на уставниот поредок. Токму затоа, во врска со изјавите на вицепремиерот Беким Сали за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, чувствувам…

Повеќе