Author: Author 03

Во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Вашингтон оствари средба со претставници на Трезорот на САД (U.S. Department of the Treasury), Канцеларија за техничка помош (Office of Technical Assistance – OTA). Средбата била посветена на разгледување на досегашната соработка и дефинирање на идните приоритети во областа на јавните финансии, буџетот, даноците, јавниот долг и финансискиот систем. На средбата било истакнато дека соработката со Трезорот на САД претставува клучен елемент во процесот на модернизација на системот за управување со јавните финансии во земјава. – Преку проектите реализирани во изминатиот период,…

Повеќе

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловa-Пановска на граѓанската средба „Се бориме за нашиот дом“ во Дебар ги повика граѓаните на 19 октомври, да гласаат за бројот 5, за обединување, за Македонија да го фати вистинскиот правец, бидејќи по година и половина со ДПМНЕ земјата оди во изолација, во поделби, а народот во сиромаштија. „Македонија денес е втора најсиромашна земја во Европа според минимална плата. Сите економски параметри се лоши. Во изминативе 14 месеци над 1,8 милијарди евра нов долг има создадено оваа власт на грбот на народот, а највуваат уште 6 милијадри. Инфлацијата е 4%, повратот на ДДВ за фирмите…

Повеќе

Вечерва сме овде обединети од едно знаме, знамето на ВМРО-ДПМНЕ со една цел, со една мисла да го вратиме Берово на вистинскиот пат, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на народниот митинг во Пехчево во рамките на кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за локалните избори кои ќе се одржат во недела на 19 октомври. -Да покажеме дека нашето Берово заслужува повеќе, заслужува подобро и заслужува луѓе што работат со срце и со визија. Предолго гледаме како Берово град со душа со чиста природа со вредни лиѓе и потенцијал тапка…

Повеќе

Министерството за култура и туризам во врска со оштетувањата на споменик на културата на ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 16 во Струга, информира дека министерот Љутков е во координација со надлежните институции за преземање на соодветни мерки. -Стручните лица при НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид веднаш извршија увид на објектот, кој се наоѓа во Првата зона на Струга, со посебен режим на заштита согласно Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион со Акциски план 2020–2029. При увидот се констатирани значителни оштетувања– рушење на јужниот калкански ѕид и дел од…

Повеќе

Скопје влегува во зимско сметање на времето 2025: во недела, 26 октомври, точно во 03:00 по полноќ стрелките ќе се вратат еден час наназад, па 03:00 ќе стане 02:00. Ова е редовната промена што ја усогласува земјава со европскиот календар на летно/зимско време, согласно владината одлука објавена во „Службен весник“. Практично, тоа значи подолги утрински светли часови и порано залезување попладне. Поголемиот дел од паметните уреди ќе се ажурираат автоматски, но ако користите аналоген часовник, рачно вратете го за еден час наназад. Доколку патувате или имате сменска работа во ноќта меѓу сабота и недела, проверете ги термините на летови и…

Повеќе

Грција ќе стане првата земја во Европската Унија што официјално ќе воведе 13-часовно работно време во приватниот сектор, пренесува Политико. Контроверзниот закон, кој се очекува лесно да биде усвоен со гласовите на владејачката Нова демократија, предвидува шестдневна работна недела и можност за подолги смени во индустријата, трговијата, земјоделството и услужните дејности. И покрај силниот отпор на синдикатите и опозицијата, Владата тврди дека мерката е неопходна поради стареењето на населението и недостигот од квалификувана работна сила. Според новите правила, платите на работниците ќе се зголемат за 40 проценти.Законот предизвика масовни протести во повеќе градови, при што синдикатите побараа враќање на 13-та…

Повеќе

– Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас, напиша на социјалната мрежа „Х“ претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. -Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвенам напиша кусо Фон дер Лајен. Претходно, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Мицкоски на средбата со Фон дер Лајен, истакнал дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и…

Повеќе

Француската крајнодесничарска политичарка Марин Ле Пен не успеа во обидот да ја поништи одлуката да биде исклучена од избори. Државниот совет (Conseil d’État), највисокиот управен суд во Франција, ја одби жалбата на пратеничката и лидерка на партијата Национален собир. Судиите изјавија дека прописите што се во прашање можат да се изменат единствено со промена на законот. Суд претходно во април ја осуди Ле Пен за злоупотреба на средства од Европската унија. Најконтроверзниот дел од пресудата е петгодишната забрана за кандидатура на избори, која стапи во сила веднаш, за разлика од делумно условната затворска казна. Таа поднела посебна жалба против самата…

Повеќе

Доналд Трамп изјави дека Хамас ќе „се разоружа, бидејќи рекоа дека ќе се разоружаат“. „И ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“, додаде тој. На прашањето на новинарите како тоа ќе се случи, Трамп рече: „Не морам да ви објаснувам. Но, ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“. „Тие знаат дека не си играм“, додаде американскиот претседател. „Ќе се случи брзо и може да биде насилно. Но, тие ќе се разоружаат, разбирате што мислам?“, додаде Трамп.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во просториите на Владата, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината балканска турнеја. На средбата се разговараше за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација. Премиерот Мицкоски ја истакна решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати и исполнување на европските стандарди. Тој посочи дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности. Посетата на претседателката на Европската комисија претставува…

Повеќе