Author: Author 03

Поведена прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ.(65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6 а казнив по член 11 од „Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р.С.Македонија”. Пријавените, како организатори на настан по повод денот на Албанското знаме, што на 28.11.2025 година се одржувал на улицата „Маршал Тито во Струга, покрај знамето на заедниците, ниту на бината ниту на дел од кејовите на реката Црн Дрим, не го истакнале и не го…

Повеќе

Поранешниот британски лекар Натаниел Спенсер (38) е обвинет за серија тешки сексуални напади врз 38 пациенти кои биле под негово медицинско згрижување, пренесе „Скај њуз“. Според обвинението, делата биле извршени во периодот од 2017 до 2021 година во Универзитетската болница „Ројал Стоук“ во Сток-он-Трент и во болницата „Раселс Хол“ во Дадли. Против Спенсер се поднесени вкупно 45 точки од обвинението, меѓу кои 15 за сексуален напад, 17 за напад со пенетрација, девет за сексуален напад врз дете под 13-годишна возраст, три за напад со пенетрација врз дете под 13 години, како и една точка за обид за напад со пенетрација.…

Повеќе

Поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев испрати порака до Никола Груевски, со што ја продолжија „онлајн битката“. Само да ти кажам, овие твоите те слушаат, гледам дека секојдневно им делиш задачи. Знам, контролата од далечина ти е малку тешка. Можеше да ја одлежиш казната, тоа малку што ти го дадоа, бидејќи да бев јас некој друг и да се мешав во правосудството, ти ќе добиеше многу повеќе. Но, јас не сум како тебе и твоите, јас сепак се борев за слободна и демократска Македонија. Да ја одлежеше тогаш казната и да покажеше достоинство кон народот на Македонија, денес ќе можеше…

Повеќе

Шведска ќе ја укине развојната помош за пет држави во наредните години и ќе ги пренасочи тие средства кон зголемена поддршка за Украина, соопшти шведската влада. Планирано е постепено укинување на помошта за Зимбабве, Танзанија, Мозамбик, Либерија и Боливија, изјави министерот за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија, Бенџамин Доуса. „Украина е најважен надворешно-политички и развоен приоритет на Шведска, и затоа владата планира да ја зголеми помошта за Украина на најмалку 10 милијарди круни (910 милиони евра) во 2026 година“, рече Доуса. „Нема тајна машина за печатење на пари за развојни цели, па парите мора да дојдат од некаде.“ Според…

Повеќе

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, ја обвини поранешната администрација на Џо Бајден дека со години задржувала клучни докази поврзани со истрагата за цевните бомби поставени пред зградите на политичките партии во близина на Капитол Хил. Во изјава за „Фокс њуз“, Пател тврдеше дека случајот речиси пет години бил во застој без нови сознанија, оценувајќи го тоа како „некомпетентност или намерна небрежност“, пренесува „Њујорк пост“. Во меѓувреме, уапсен е Брајан Кол од Вирџинија, кој е обвинет дека на 5 јануари 2021 година поставил експлозивни направи пред седиштата на двете партии. Истражителите го поврзале со случајот преку банкарски трансакции и податоци од…

Повеќе

На Титов плоштад во Велење, Словенија, синоќа беше сериозно оштетен споменикот на Јосип Броз-Тито, откако непознат сторител ја отстранил главата од скулптурата. Полицијата брзо реагирала и го привела 49-годишниот осомничен, а бронзената глава, која е дел од повеќе од шест метри висока скулптура, била пронајдена во багажникот на неговиот автомобил. Локалните власти остро го осудија нападот. Според словенечките медиуми, жител на Велење пријавил дека видел човек како товари голем метален предмет во темен автомобил „Шкода Кодијак“ во близина на локалното музичко училиште. Набрзо потоа, полициска патрола што го надгледувала сообраќајот го запрела 49-годишниот возач кој одговарал на описот. Возилото имало…

Повеќе

Индија и Русија се договорија да воспостават сеопфатна програма за економска соработка со цел билатералната трговија да достигне 100 милијарди долари до 2030 година. Ова го соопшти индискиот премиер Нарендра Моди по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска ја реализираше својата прва посета на Индија од почетокот на војната во Украина. Новата иницијатива има за цел значително да го прошири обемот на економските релации меѓу двете земји, надминувајќи ги досегашните доминантни договори за нафта и воена опрема. Моди посочи дека во тек се подготовки за договор за слободна трговија меѓу Индија и Евроазиската економска унија, предводена од Русија,…

Повеќе

На 5-ти декември 2025 година, во Амбасадата на Јапонија, Н.Е. Сецуко Кавахара, Амбасадорка на Јапонија во Република Северна Македонија, го потпиша вториот грант договор за 2025 г. во рамки на GGP грант програма за мали проекти за човекова безбедност во Република Северна Македонија, чија цел е подобрување на основните човекови потреби. Свеченото потпишување на грант договорот беше отворено од Амбасадорката на Јапонија, Н.Е. Сецуко КАВАХАРА. „Проектот за обезбедување на возило за управување со отпад за Општина Чучер Сандево“ во вредност од 75,254 евра, ќе придонесе за зајакнување на капацитетот за собирање отпад во областа, со што ќе придонесе за подобрување…

Повеќе

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, оствари работна средба со Даниел Џ. Лоутон, заменик-помошник државен секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања (EUR) при Стејт департментот на Соединетите Американски Држави. Н а средбата се разговараше за стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД, како и за продлабочување на соработката во областите на владеењето на правото, институционалните реформи, борбата против корупцијата и зајакнувањето на практиките на добро владеење. Заменик-претседателот на Владата Фетаи ја потенцираше посветеноста на Владата за унапредување на демократските стандарди, зголемување на транспарентноста и отчетноста, како и спроведување реформи кои обезбедуваат правично и ефикасно функционирање…

Повеќе

Ако одводот во кујната или бањата почне да се исцедува побавно, причината најчесто лежи во насобирањето маснотии, сапуница или влакна. Овој домашен козметички производ може ефикасно да ги отпуши одводите. Иако постојат многу средства за чистење цевки, еден неочекувано ефикасен домашен трик стана популарен бидејќи бара производ што повеќето жени го имаат во бањата – крем за депилација. Кремот за отстранување влакна може да биде изненадувачки ефикасен за чистење на помали запушени делови. Едноставно нанесете обилна количина од кремот директно во одводот, потоа прелијте ја со топла вода и оставете ја да делува околу 15 минути. Киселите состојки во кремот…

Повеќе