Author: Author 03

Горан Агелов Ќосето по цели 8 години минати зад решетки за 27 април, доби слобода. Тој за МКД.мк ја потврди информацијата и вели дека добил условен отпус, откако одлежал две третини од казната, односно 8 од вкупно 11 години. Поради низа здравствени проблеми тој неколку пати добиваше прекин на издржување на затворската казна, па повторно беше враќан зад решетки. Тој е првиот што доби условен отпус од оваа постапка за која сите обвинети тврдеа дека е политички монтиран процес, пишува мкд.мк. Од првото судење па се до денес тврди дека не е винововен за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот…

Повеќе

Универзитетите што ќе покажат најдобри резултати ќе добијат најмногу средства од државниот буџет, најавува министерката за образование и наука Весна Јаневска. – Ќе се обидеме заедно со групата со која работиме да најдеме начин универзитетите да добијат развојна компонента. Оние што ќе имаат најдобри резултати да добијат поголем буџет за разлика од оние кои нем ада покажуават резултаи да добијат помал буџет годишно што го дава државата. Ќе се потрудиме да обезбедиме соодветен кадар според систематизацијата на факултетите, универизтетите, ќе ја зајакнеме контролата во приватните универзитети за кои сме свесни дека не продуцираат квалитетн када, ќе ги зголемиме студентските права,…

Повеќе

Германскиот Бундестаг денеска го одобри повторното воведување на делумна воена обврска, со цел да го зголеми бројот на активни војници во услови на зголемени безбедносни ризици. „Слободите во демократијата не се бранат сами од себе. Ова мора да го преземат луѓе кои се подготвени да застанат зад овие слободи, а не оние кои седат зад оградата и чекаат некој друг да го стори тоа наместо нив“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус (СПД) во обраќање пред гласањето. Според новиот закон, воената служба формално останува на доброволна основа, но доколку во одредена година се пријави премал број регрути, Бундестагот може…

Повеќе

Томас Маркл (81), таткото на Меган Маркл, се соочи со сериозна медицинска итна состојба што резултираше со ампутација на неговата нога. Таткото на војвотката од Сасекс беше подложен на итна операција поради згрутчување на крвта, а лекарите мораа да му ја ампутираат левата нога под коленото, потврди неговиот син Том Маркл помладиот. „Мојот татко е многу храбар“, изјави Том за Дејли Меил. „Стапалото му помодре, а потоа и поцрне. Се случи многу брзо. Го однесов во локална болница каде што направија тестови и ултразвук и рекоа дека ногата мора да се ампутира.“ Тој додаде дека нема друг избор. „Немаше друга…

Повеќе

Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува со објавување на криминалот на власта на Христијан Мицкоски. Утре, со почеток во 09.00 часот објавуваме нов скандал, нова бомба. Како се „чисти“ Буџетот? Ве покануваме да ја проследите прес конференцијата на СДСМ, (06.12.2025 година, сабота, 09.00 часот, во седиштето на партијата) на којашто ќе се обрати членот на Централниот одбор на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, стои во објавата на СДСМ.

Повеќе

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во гостувањето на телевизија Алфа во емисијата ,,За или против“, се осврна на темата за оставките од страна на раководството на СДС, за што кажа дека морален и одговорен чин би било и претседателот на партијата да си поднесе оставка. Како што вели таа, не очекува да се промени нешто, под водство на Венко Филипче, се додека остануваат истите луѓе со иста матрица од претходно. Исто така Стојаноска додаде дека, потребна е поразборита опозиција, особено во Собранието, а не опозиција која што само собира политички поени, бидејќи токму поради тоа, сите прогнози им…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека партијата утре ќе презентира нов скандал, нова корупциска шема на власта. „Ние ги спремивме новите бомби 2.0 и најавувам дека утре следува нова. Нов скандал, нова корупциска шема — се членови на владејачката гарнитура. За сè имаме докази, имаме документи и ќе ги прикажеме во јавноста. Превенцијата не успеа, а корупцијата ескалираше и сето ова мора да се истражи, затоа што крадењето мора да престане. Секој што крадел ќе одговара. Борбата продолжува, работата не е завршена“, истакна Филипче.

Повеќе

Авионот Ербас А320 на LATAM предизвика паника на пистата откако веднаш по слетувањето кабината ненадејно се исполнила со густ чад, а патниците низ прозорците виделе пламен под крилата, пренесуваат медиумите. Екипажот веднаш наредил итна евакуација на сите 180 патници. Луѓето се лизгаа по надуените рампи и во паника трчаа по пистата. На видеоснимките што се шират на интернет се гледа како авионот гори, додека исплашени патници врескаат и се обидуваат да се оддалечат од пламените. Итните служби реагирале веднаш и, за среќа, никој не е повреден. Сепак, ситуацијата била крајно опасна – пожар во целосно натоварен патнички авион често завршува…

Повеќе

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро побарал да му биде дозволено да ја напушти земјата со милиони долари приватно богатство, широка амнестија за неговите најблиски соработници и безбеден азил во пријателска земја, откриле извори блиски до телефонскиот разговор меѓу него и американскиот претседател Доналд Трамп. Според тврдењата на соговорниците што ги објави „Телеграф“, договорот пропаднал бидејќи Мадуро инсистирал на целосна амнестија за околу стотина врвни функционери на режимот. Додека Трамп, кој јавно го признава Едмунд Гонзалез за легитимен претседател на Венецуела по спорните избори во 2024 година, предложи Мадуро да емигрира во Русија или Кина, венецуелскиот претседател сакаше да остане на западната…

Повеќе

Сообраќајот на ГП Богородица од 18 часот е блокиран за сите видови возила поради штрајк од страна на грчките земјоделци, соопшти АМСМ. Оттаму претходно, во 17:45 часот, информираа дека „Богородица“ е отворен само за патнички автомобили, а ГП „Меџитлија“ за сите видови возила. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.

Повеќе