- Филипче: Има незадоволство во ЗНАМ поради однесувањето на антинародна и криминална власт
- Ивица Дачиќ се бори за живот: Ставен е на респиратор
- 21-годишен скопјанец натепан во Гази Баба
- Синот на Балашевиќ, чека син
- Конечно стабилизација на времето: Сончево до крајот на неделава
- Македонија гласаше „за“ во ОН: Бараме итен и праведен мир во Украина
- Зеленски со остра порака: Јазот со Русија е преголем, пријателство нема да има уште долго
- Дилер од Охрид падна во рацете на полицијата
Author: Author 03
Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието. Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина на дејствувањето на ССМ, пишува на социјалните мрежи пратеникот Бране Петрушевски.
Новиот закон за високо образование ќе донесе подобар квалитет на академската едукација и ќе ја унапреди позицијата на македонските универзитет на глобалните ранг листи. Ова ќе го постигнеме со зајакнати критериуми за избор во академски звања, што ќе стимулира изработка на повеќе научни трудови, како и со реорганизација на дел од студиските програми и воведување модуларност. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска за време на денешното гостување во емисијата „Директно“ на ТВ Телма, каде во фокус на разговорот беше новото предлог законско решение за високото образование. „Најмалку 60 професори учествуваа во изработка на новата…
Во рамките на престижниот глобален авијациски самит „Changi Aviation Summit 2026“, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски и генералниот директор на Управата за цивилно воздухопловство на Сингапур, Хан Кок Јуан, официјализираа нов, сеопфатен Меморандум за разбирање. Овој чин, реализиран за време на посетата на г. Стојаноски како висок делегат на специјална покана од сингапурските власти, означува суштинско унапредување на билатералните односи и директно поврзување на македонскиот воздухопловен сектор со еден од водечките светски авијациски центри. Потпишувањето на овој стратешки документ, претставува директна валоризација на новите политики на менаџментот на АЦВ како за меѓународно етаблирање на институцијата така и…
Холандската полиција приведе 15 лица под сомнение дека на платформата ТикТок дистрибуирала пропаганда на Исламска држава (ИД), при што ги убедувале луѓето да извршат терористички напади. Обвинителството на Холандија соопшти дека приведувањето уследило откако на ТикТок била дистрибуирана пропаганда на ИД со холандски титлови. Објавите на ТикТок во кои се агитирало за приклучување кон ИД и се величало мачеништвото имале над 100.000 прегледи. Тринаесет од осомничените се Сиријци, четворица имаат холандски пасош, но најверојатно имаат двојно државјанство, додека четворица се малолетни. ТикТок е сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“.
Дрога пронајдена кај малолетничка од Скопје. На 09/10.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиja од слобода Е.А.(30) од Куманово и 17-годишна малолетничка од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, како и С.Р.(37) од Виница, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека се предмет на сторено кривично дело кражба, информираа од МВР. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.С. (19) од с. Одри, тетовско, Р.И. (19) од с. Седларце, тетовско и М.М. (18) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 08.12.2025 пријавените во населба
Се со цел да се спречи индустриско нелегално производство на медицински канабис и пласман кон нелегалниот домашен и меѓународен пазар, Владата на денешната 149 седница ја разгледа информацијата во врска со лиценци за производство на канабис за медицински цели, ги донесе следните заклучоци: Владата ги задолжи институциите во рамките на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица, кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на Република Северна Македонија и во рок од 45 дена да достават извештај до Владата. Исто така,…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
На 09.02.2026 во 12:20 часот во казино во Струга, И.Љ. од струшкото село Велешта физички ја нападнал Е.П. од Скопје. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.02.2026 во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
