Author: Author 03

По минатонеделното убиство на конзервативниот активист Чарли Кирк поранешниот американски претседател Барак Обама излезе во јавноста со остро предупредување за, како што наведе, „политичка криза каква што никогаш порано не сме виделе“. Зборувајќи вчера во Пенсилванија, Обама истакна дека, иако не го познавал Кирк и не се согласувал со многу од неговите ставови, неговото убиство го смета за „ужасно и трагично“, пишува Би-Би-Си. Кирк(31) почина пред една недела од прострелна рана во вратот додека држел говор на Универзитетот Јута Вејли во Орем. Вчера, 22-годишниот Тајлер Робинсон беше формално обвинет за убиството на Кирк, а се соочува и со обвиненија за…

Повеќе

Велика Британија приреди педантно осмислен и раскошен дочек на американскиот претседател Доналд Трамп, во рамки на неговата официјална посета, со целосна кралска помпа, пренесува „Њујорк тајмс“. Трамп и првата дама Меланија хеликоптерски пристигнаа од Лондон во Виндзор, каде ги пречека кралското семејство на Велика Британија. По пристигнувањето, положија венец на гробот на кралицата Елизабета Втора, по што следеше свечена церемонија. Посетата беше обележана со симболични гестови и размена на подароци. Крал Чарлс III му подари на Трамп книга со кожен повез по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност, како и знаме на Обединетото Кралство кое се виореше над Бакингемската палата…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека не го демантирал премиерот Христијан Мицкоски околу неговите изјави дека зад последните пожари стојат структури од државата и надвор од неа, додавајќи оти е факт дека „имаме мултистрачни напади на државата од повеќе аспекти. „Дека има хибриден напад во Македонија кон државата има. И тоа е факт. Никогаш во изминатиот период на оваа тема нити сум го демантирал премиерот, нити премиерот кажал невистини и паушални изјави поврзани со оваа тема“, рече Тошковски во вечерашното гостување во централниот Дневник на ТВ Сител. Избегнувајќи да сподели повеќе информации во врска со тоа што досега…

Повеќе

Службата за безбедност на Летонија денеска соопшти дека минатиот месец привела летонски државјанин осомничен за шпионирање во корист на Русија. Приведениот, чиј идентитет не е откриен, „им обезбедувал на руските разузнавачки и безбедносни служби информации за локациите, плановите и безбедносните мерки“ на летонските воени објекти, како и за „изградбата на нови воени објекти, вежбите и присуството на војници од други земји-членки на НАТО, се наведува во соопштението на летонската контраразузнавачка служба. Осомничениот, исто така, се товари дека доставувал информации „кои можат да бидат искористени против интересите на националната безбедност на Летонија и другите држави од балтичкиот регион. Приведениот, ако се…

Повеќе