Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп одбил да спие на кралска постелнина

    Трамп одбил да спие на кралска постелнина

    17.09.2025 во 23:01Updated:17.09.2025 во 23:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Велика Британија приреди педантно осмислен и раскошен дочек на американскиот претседател Доналд Трамп, во рамки на неговата официјална посета, со целосна кралска помпа, пренесува „Њујорк тајмс“. Трамп и првата дама Меланија хеликоптерски пристигнаа од Лондон во Виндзор, каде ги пречека кралското семејство на Велика Британија. По пристигнувањето, положија венец на гробот на кралицата Елизабета Втора, по што следеше свечена церемонија.

    Посетата беше обележана со симболични гестови и размена на подароци. Крал Чарлс III му подари на Трамп книга со кожен повез по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност, како и знаме на Обединетото Кралство кое се виореше над Бакингемската палата на денот на неговата втора инаугурација. Меланија Трамп доби од кралскиот пар сребрена емајлирана чинија од уметницата Кара Мерфи и торба дизајнирана од Ања Хиндмарч. Од друга страна, Трамп му подари на кралот реплика на мечот на претседателот Ајзенхауер, симбол на сојузништвото за време на Втората светска војна, додека кралицата Камила доби брош од Тифани во форма на цвет, украсен со дијаманти и рубини. Американскиот претседател и кралот Чарлс III се возеа со коњска запрега низ имотот Виндзор, додека Камила и Меланија Трамп ги следеа во друга запрега.

    Свечената вечера во замокот Виндзор, стар девет века, е закажана за вечерва. Во делегацијата што допатува во кралството се бројни Трампови официјални лица, пријатели и сојузници. По престојот во Виндзор, Трамп ќе се сретне со британскиот премиер Киер Стармер во четврток. Американскиот претседател и првата дама ќе преноќат во замокот, иако Трамп одбил да ја користи кралската постелнина, инсистирајќи неговите помошници да обезбедат постелнина увезена од Соединетите Американски Држави.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин

    23.09.2026 во 20:18

    Во Ормуска Теснина погоден товарен брод

    23.09.2026 во 18:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.