Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски се сретна со чешкиот министер за надворешни работи Петр Мацинка – во фокусот на средбата евроинтеграциите
    • УХМР со најнови податоци: Скопје, Велес и Демир Капија меѓу најтоплите градови во 14 часот
    • Драма во Тетово: Се обиделе да одземат полициско оружје откако ги фатиле на дело со дрога
    • Филипче: Подготвени сме за избори
    • ОЈО ГОКК донесе одлука: Нема кривично дело во набавката на 19-те модуларни болници
    • СВР Велес го расчисти случајот со уништување опрема во училишниот двор на „Васил Главинов“, сослушани двајца малолетници
    • ЦУК со пресек до 13 часот: Гори на осум локации
    • Шасивари – Ле Риголер: Француската поддршка, клучна за реформите и европската интеграција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обама по убиството на Кирк: Америка се соочува со невидена политичка криза

    Обама по убиството на Кирк: Америка се соочува со невидена политичка криза

    17.09.2025 во 23:123 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По минатонеделното убиство на конзервативниот активист Чарли Кирк поранешниот американски претседател Барак Обама излезе во јавноста со остро предупредување за, како што наведе, „политичка криза каква што никогаш порано не сме виделе“.

    Зборувајќи вчера во Пенсилванија, Обама истакна дека, иако не го познавал Кирк и не се согласувал со многу од неговите ставови, неговото убиство го смета за „ужасно и трагично“, пишува Би-Би-Си.

    Кирк(31) почина пред една недела од прострелна рана во вратот додека држел говор на Универзитетот Јута Вејли во Орем.

    Вчера, 22-годишниот Тајлер Робинсон беше формално обвинет за убиството на Кирк, а се соочува и со обвиненија за кривични дела поврзани со поседување и употреба на неовластено оружје. Обвинителите објавија дека ќе бараат смртна казна.

    Окружниот обвинител на Јута, Џефри Греј, откри дека Робинсон наводно испратил СМС-пораки во кои признава дека пукал во Кирк затоа што „му било досадено од неговата омраза“.

    Пред апсењето на Робинсон, клучните сојузници на Доналд Трамп ги обвинија левичарските активисти и реториката на демократските политичари и нивните поддржувачи за убиството. Државната обвинителјам Пам Бонди најави сузбивање на „говорот на омраза“, иако во САД не постои конкретен закон за ова.

    Потпретседателот Џ.Д. Венс ги предводеше повиците за разоткривање на оние кои го славеа или го оправдуваа убиството на Кирк.

    „Прозивајте ги, и по ѓаволите, повикајте ги нивните работодавци“, рече Венс синоќа во гостувањето во подкастот на Кирк.

    Во својот говор во Ери, Пенсилванија, Обама нагласи дека во моменти на голема тензија, „дел од работата на претседателот е да ги зближува луѓето“. Тој ги повика Американците да „почитуваат правото на другите луѓе да кажуваат работи со кои длабоко не се согласуваме“.

    Тој ја пофали реакцијата на гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, конзервативен републиканец, кој, според Обама, покажа „дека е можно да не се согласуваш, а сепак да се придржуваш до основниот кодекс на јавна дебата“. Тој, исто така, го поддржа одговорот на гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро, демократ, чија резиденција беше нападната со молотови коктели претходно оваа година.

    Поранешниот претседател ги спореди тие реакции со коментарите од Трамп и неговите сојузници. Тој потсети како не го искористил крвавиот напад од бел расист во црна црква во Јужна Каролина во 2015 година за да ги нападне политичките противници.

    Тој, исто така, истакна дека по нападите од 11 септември 2001 година, претседателот Џорџ В. Буш „направил експлицитен напор да каже: „Ние не сме во војна против исламот“.

    „И така, кога ги слушам не само нашиот сегашен претседател, туку и неговите помошници, кои имаат историја на нарекување на политичките противници „штетници“, непријатели кои треба да бидат „гаѓани“, тоа зборува за поширок проблем што го имаме токму сега“, рече Обама.

    Во изјава за Би-Би-Си, портпаролот на Белата куќа ги отфрли обвинувањата и го нарече Обама „архитект на модерната политичка поделба“.

    „Обама ја искористи секоја можност да посее поделба и да ги спротивстави Американците едни против други“, рече портпаролот. „Неговата поделба инспирираше генерации демократи да ги оцрнуваат своите противници како „негодници“ или „фашисти“ или „нацисти“.

    Иако поранешните американски претседатели генерално избегнуваат да ги критикуваат своите наследници, Обама стана погласен во последните месеци, критикувајќи ги потезите на Трамп против универзитетите и судиите, како и лидерите на неговата Демократска партија за, како што верува, недоволно силниот отпор кон политиките на Белата куќа.

    Прочитај повеќе

    ВИДЕО: Испливаа снимки од силното невреме проследено со торнадо во Германија

    20.08.2026 во 11:30

    Алармантни податоци од Грција: 157 заразени и 13 починати од западнонилска треска

    20.08.2026 во 10:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.