Author: Author 03

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во 2023 година, антисемитизмот станал погласен, поотворен, побезобразен и понасилен во Германија, јавува ДПА. -Критицизмот кон израелската Влада мора да е можен, а и јас самиот неодамна изразив таква критика, рече Мерц на 75-годишнината од формирањето на Централниот совет на Евреите во Берлин, „но, додаде тој, нашата земја си ја повредува сопствената душа кога оваа критика станува изговор за омраза кон Евреите – или кога дури води до барања Сојузната Република да се одврати од Израел“. „Посветеноста на Германија кон постоењето и безбедноста на Државата…

Повеќе

Иако самотниот живот може да отвори простор за лична работа, слобода и јасност на целите, честопати носи емоционални предизвици кои постепено се вовлекуваат во секојдневниот живот. Поминувањето подолг временски период без романтичен партнер остава подлабок белег на психата отколку што изгледа на прв поглед. По долг период без партнер, многумина развиваат страв од отфрлање, што го отежнува емоционалното отворање и влегувањето во нови врски. Ранливоста станува нешто што треба да се скрие, а не да се сподели. Во исто време, тишината на секојдневниот живот и недостатокот на интимна врска можат да поттикнат чувство на осаменост и емоционална изолација, што го…

Повеќе

По минатонеделното убиство на конзервативниот активист Чарли Кирк поранешниот американски претседател Барак Обама излезе во јавноста со остро предупредување за, како што наведе, „политичка криза каква што никогаш порано не сме виделе“. Зборувајќи вчера во Пенсилванија, Обама истакна дека, иако не го познавал Кирк и не се согласувал со многу од неговите ставови, неговото убиство го смета за „ужасно и трагично“, пишува Би-Би-Си. Кирк(31) почина пред една недела од прострелна рана во вратот додека држел говор на Универзитетот Јута Вејли во Орем. Вчера, 22-годишниот Тајлер Робинсон беше формално обвинет за убиството на Кирк, а се соочува и со обвиненија за…

Повеќе

Велика Британија приреди педантно осмислен и раскошен дочек на американскиот претседател Доналд Трамп, во рамки на неговата официјална посета, со целосна кралска помпа, пренесува „Њујорк тајмс“. Трамп и првата дама Меланија хеликоптерски пристигнаа од Лондон во Виндзор, каде ги пречека кралското семејство на Велика Британија. По пристигнувањето, положија венец на гробот на кралицата Елизабета Втора, по што следеше свечена церемонија. Посетата беше обележана со симболични гестови и размена на подароци. Крал Чарлс III му подари на Трамп книга со кожен повез по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност, како и знаме на Обединетото Кралство кое се виореше над Бакингемската палата…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека не го демантирал премиерот Христијан Мицкоски околу неговите изјави дека зад последните пожари стојат структури од државата и надвор од неа, додавајќи оти е факт дека „имаме мултистрачни напади на државата од повеќе аспекти. „Дека има хибриден напад во Македонија кон државата има. И тоа е факт. Никогаш во изминатиот период на оваа тема нити сум го демантирал премиерот, нити премиерот кажал невистини и паушални изјави поврзани со оваа тема“, рече Тошковски во вечерашното гостување во централниот Дневник на ТВ Сител. Избегнувајќи да сподели повеќе информации во врска со тоа што досега…

Повеќе

Службата за безбедност на Летонија денеска соопшти дека минатиот месец привела летонски државјанин осомничен за шпионирање во корист на Русија. Приведениот, чиј идентитет не е откриен, „им обезбедувал на руските разузнавачки и безбедносни служби информации за локациите, плановите и безбедносните мерки“ на летонските воени објекти, како и за „изградбата на нови воени објекти, вежбите и присуството на војници од други земји-членки на НАТО, се наведува во соопштението на летонската контраразузнавачка служба. Осомничениот, исто така, се товари дека доставувал информации „кои можат да бидат искористени против интересите на националната безбедност на Летонија и другите држави од балтичкиот регион. Приведениот, ако се…

Повеќе