- Првите 100 дена на Герасимовски: Градежна офанзива во Центар, реконструкција на улици и подготовки за Дом за стари лица
- Јаневска од Штип: Потребно е поткревање на квалитетот на високото образование во кое академската заедница ќе покаже проактивност
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Петрушевски: Го разбирам револтот на јавноста откако Груби доби куќен притвор, но тоа е одлука на Обвинителството
- Јошевска-Анастасовска до Филков: Судија не смее да изрече притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор
- Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?
- Од амбициозни реформи до ненадејно повлекување: Директорката на „Лувр“ поднесе оставка
- Велика Британија со нов пакет санкции кон Русија
Author: Author 03
По повод Светскиот ден на дарители на коскена срцевина, Министерството за здравство ја истакнува важноста на националниот дарителски регистар, кој функционира во рамки на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицински факултет-Скопје. Националниот регистар е единствениот официјален регистар во државата и досега се овозможени вкупно 69 трансплантации на пациенти од државава и три на странски пациенти со клетки од македонски дарители. Во него се регрутирани повеќе од 6.000 доброволни дарители. Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод денот истакнува дека „секој доброволен дарител на матични клетки претставува надеж за спасување човечки живот. Министерството за здравство останува целосно посветено на поддршка…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го претстави тимот од Комисија за урбанизам, составен од врвни архитекти и експерти кои работат на современи и одржливи урбанистички решенија за општината. Танкица Христова Спасовска, м-р Биљана Насковиќ, м-р Дамјан Цингарски, Александра Марсениќ Крајчески, Ана Лукиќ Коробар, д-р Маја Лазаревска и проф. д-р Митко Хаџи-Пуља е тимот што работи на планови за хуман развој и одржлива урбанизација со акцент на зеленило, велосипедизам, подземни паркинзи, јавни плоштади и квалитетно партерно уредување. Тимот ќе продолжи да се надградува и проширува со нови експерти, со цел уште посеопфатно да одговори на предизвиците на современиот урбан развој.…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 од Кривичниот законик. Во периодот од 16 до 18 септември, првоосомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, употребил сериозна закана и присилил еден оштетен да му исплати 60.000 денари. Осомничениот му се претставил на оштетениот како припадник на криминална група и побарал да му даде 1000 евра за да го заштити од други луѓе кои претходно му барале пари. Истовремено му се заканил да не пријавува во полиција, бидејќи ќе го убие и ќе му ја…
Во најновото соопштение, ВМРО-ДПМНЕ ја обвини пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, како и целото раководство на партијата, за, како што наведуваат, лицемерие и прикриено користење на партиски средства, спротивно на јавниот имиџ што го градат. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека додека Мојсоска и Левица јавно се претставуваат како „чесни, скромни и неподмитливи“, зад затворени врати инкасираат значителни суми на пари од партиската каса. „Тие се целосно разобличени и демаскирани“, стои во соопштението, каде се наведува дека, според информации од свиркачи од самата партија Левица, Мојсоска на 26 април 2024 година земала 123.000 денари, а на 3 февруари 2023 година – 96.862…
Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги поздравија присутните на отворањето на 27. Синдикална школа на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, информираат од Министерството за здравство. -Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем. Паралелно го спроведуваме и процесот за вработување на приватните специјализанти, со кој решаваме децениски егзистенцијален проблем на оваа категорија здравствени работници. Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита е наш партнер со кој со заеднички заложби работиме на унапредување на…
Со доделување посебни фестивалски награди и признанија, и со проекција на македонскиот филм „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска и кинематограферката Виржини Сен Мартан, вечер во Битола почнува ИФФК „Браќа Манаки“. Новото 46-то издание на фестивалот на кинематограферите од светот и годинава нуди конкурентни филмови за наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, богата документарна и студентска програма, а се враќа и програмата Макпоинт фокусирана на македонски филмови. Според востановената традиција, на отворена сцена, во Битола ќе бидат врачени Златна камера 300 за животно дело која годинава му припадна на Дариус Конџи, кинематографер роден во Иран со богата кариера која…
Во пресрет на утрешниот празник Рождество на Пресвета Богородица, денеска со почеток во 17:00 часот, ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје. По Вечерната, ќе следува Литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица околу централното градско подрачје. Од Скопската епархија на МПЦ-ОА ги покануваат сите верници да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата.
Денеска ќе утрото ќе биде ведро и посвежо, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 31 степен. За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Потоа ќе настапи зголемување на облачноста.
Минимален пораз од 18:19 од Египет претрпеа македонските ракометарки во дуелот од второто коло на Трофеј Македонија што се игра во Охрид. Во првото полувреме македонските ракометарки имаа водство, кое сепак на крајот од овој период не успеаја да го сочуваат и на полувреме беше 10:10. Тешко одеше нападот на нашата репрезентација и во воведните минути од вториот дел, а одбраната беше на ниво, па ниту противникот не успеваше да дојде до предност. Во последните десет минути се влезе со нерешен резултат 16:16 и вистинска драма. Во 56.та минута македонските ракометарки за првпат поведоа со 18:17. При 18:18 Египет не…
Повеќе од 70 лица се убиени во нападот со дрон врз џамија во регионот Дарфур, во Судан, изјави за Би-Би-Си висок медицински извор. За денешниот напад во градот ал-Фашер беа обвинети паравоените Сили за брза поддршка –РСФ (RSF), група која не ја презеде одговорноста за настанот. Регуларната армија и паравоените РСФ повеќе од две години водат жестока граѓанска војна во Судан. Паравоилните сили добиваат на сила во битката за целосна контрола врз ал-Фашер, последното воено упориште во Дарфур и градот во кој повеќе од 300.000 цивили живеат опкружени со постојани борби. Жител на градот сведочеше за Би-Би-Си дека дронот ја…
