- Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?
- Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај
- Пронајдени шест мигранти во возило на автопатот Скопје – Куманово
- Жена од Индонезија уапсена во Скопје
- Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола
- Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил
- Грција ја зголемува минималната плата
- 30 камиони заглавени на Ќафасан: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија
Author: Author 03
Денеска во Скопје беше отворена конференцијата на Асоцијацијата на алумни на Националната академија на ФБИ (FBINAA), во организација на Министерството за внатрешни работи, во партнерство со Федералното биро за истраги на САД (FBI) и Канцеларијата на аташе на ФБИ при Амбасадата на САД во Софија. На настанот присуствуваше и директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, кој преку објава на Фејсбук го сподели своето задоволство од учеството и значењето на конференцијата. „Конференцијата претставува одлична можност за продлабочување на соработката и размена на искуства меѓу професионалците од областа на безбедноста, како и потврда за нашата заедничка заложба во справувањето…
Веќе три дена пералната на Клинички центар не функционира, а вработените со месеци не добиле плата. Здравствените установи се снаоѓаат за чиста постелнина како знаат и умеат – дел од чаршафите се перат на други клиники, како Инфективна или Онкологија, но вработените реагираат дека тоа не е трајно решение. Објектот кој треба да обезбеди хигиена и заштита од интрахоспитални инфекции е во критична состојба и без минимални стандарди. Тоа го потврдил и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој утврдил дека пералната не ги исполнува санитарно-техничките условi. „Потребно е целосно реновирање на просторот и опремата. Се работи со застарени машини кои…
Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека две болници во градот Газа – детската „ал-Рантиси“ и болницата „Eye“ – престанале со работа поради штетите од израелското бомбардирање и напредувањето на копнената офанзива. Според властите, здравствениот систем е намерно цел на нападите, што го прави речиси невозможно пациентите и ранетите безбедно да стигнат до болнички објекти. Израел сè уште не се огласил по обвинувањата. Израелската армија, која тврди дека Хамас го користи градот Газа како последно упориште, продолжува со копнените операции и уништување на стамбени блокови. Локалните власти велат дека само во понеделник најмалку 25 лица биле убиени во нападите,…
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе се придржува до Договорот за ограничување на нуклеарното оружје уште една година откако ќе истече договорот со САД во февруари 2026 година. Нов СТАРТ (Strategic Arms Reduction Treaty) е потпишан во 2010 година и е последен договор помеѓу Русија и САД за контрола на вооружувањето. Путин наведе дека суспензијата на Договорот Нов СТАРТ ќе има негативни последици по глобалната стабилност и оти се надева дека САД ќе го следат примерот на Русија и ќе се придржуваат до ограничувањата. Со Договорот Нов СТАРТ се ограничуваат арсеналите на двете земји на максимум…
Тензиите меѓу Русија и западните сојузници повторно ескалираа откако три руски борбени авиони во петокот го нарушија воздушниот простор на Естонија – земја-членка на НАТО. Инцидентот, кој траел 12 минути, предизвика остри реакции од страна на Северноатлантската алијанса и Европската Унија, кои го оценија дејствието како нова руска „провокација“. Москва, пак, ги негираше обвинувањата и тврди дека не било прекршено меѓународното право. Како одговор на инцидентот, Северноатлантскиот совет на ниво на амбасадори ќе одржи состанок во рамките на Член 4 од основачкиот договор на НАТО. Овој член предвидува консултации меѓу сојузниците кога некоја од членките се чувствува загрозено. Истовремено, Советот…
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 23.09.2025 (вторник) во периодот од 17:30 до 21:00 часот поради одржување на трка која ќе започне од пред Основното училиште „Кочо Рацин“, потоа десно по ул.„Тодор Александров“, десно по ул.„Партенија Зографски“ и десно по ул.„Ацо Караманов“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Жежок костен држи во рацете францускиот премиер, Себастијан Лекорну, на самиот почеток од мандатот. Откако неговиот претходник, Франсоа Бајру, не успеа да добие поддршка за буџетот за штедење, сега и тој е пред истата задача. Растргнат е меѓу барањето да воведе данок на богатство за да го спаси буџетот и барањето да не чепка во парите на ултрабогатите за да не ја урниса француската економија. За воведување на данокот, кој е предлог на францускиот економист Габриел Зукман, притиска Социјалистичката партија. Зукман, кој е професор по економија на Париската школа за економија, предложи данок од два процента, кој би им се…
БРАКО донираше апарат за ЕКГ на Интерното одделение во болницата во Велес, на барање на болницата која се обрати до БРАКО за помош за итна неопходна замена на расипано EKГ, како елементарно неопходно за нормално функционирање на болницата и пружање услуги на пациентите. Велешката фабрика веднаш излезе во пресрет и ја набави потребната апаратура, 12-канално EKГ според спецификацијата доставена од здравствената институција. При испораката на ЕКГ-то, во име на БРАКО болницата ја посетија Благој Шалев и Ангел Анѓушев, кои заедо со директорот на болницата Александар Бузалков кусо присуствуваа на обуката на персоналот за користење на новата опрема, како и на…
Во Зрновци денеска официјално започна да се гради Дом за стари лица, прв објект од ваков карактер во источниот дел на Македонија. Станува збор за приватна инвестиција на компанијата „Еко Пак Хит“ од Кочани. Домот ќе располага со површина од 1800 квадратни метри. Во зградата ќе можат да се сместат 64 лица во 32 соби. Во прв момент предвидено е да се вработат 30 лица. Во зависност од потребите, во подоцнежна фаза може да се дојде до бројка од 50 вработени лица.
Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 12:00 часот на територија на цела држава. Од нив три активни пожари има во Гевгелија, на Кожуф кај село Петрово, во тетовското село Џепчиште и кај крушевското село Свето Митрани. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е пожарот во село Трубарево, општина Гази Баба (електричен отпад), во скопското село Виниче, кај месноста викана Муратица (нискостеблеста шума) и во село Батинци, општина Студеничани (ниска вегетација и мешана шума). Изгаснати се пожарите во општина Кочани – село Бали (депонија) и во општина Делчево – депонија Острец (запален…
