Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ
    • Ескалација на протестите низ Франција: Полицијата употреби солзавец, блокирани половина од средните училишта
    • Меси добива титула „Почесен доктор“ од Универзитетот во Буенос Аирес
    • Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија
    • Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
    • Детали за злосторството ја шокираат јавноста: Го убила 2-годишниот син, па изговорила морничави зборови
    • Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект
    • Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пералната на Клинички не работи, вработените со месеци без плата

    Пералната на Клинички не работи, вработените со месеци без плата

    22.09.2025 во 17:581 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Веќе три дена пералната на Клинички центар не функционира, а вработените со месеци не добиле плата. Здравствените установи се снаоѓаат за чиста постелнина како знаат и умеат – дел од чаршафите се перат на други клиники, како Инфективна или Онкологија, но вработените реагираат дека тоа не е трајно решение. Објектот кој треба да обезбеди хигиена и заштита од интрахоспитални инфекции е во критична состојба и без минимални стандарди.

    Тоа го потврдил и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој утврдил дека пералната не ги исполнува санитарно-техничките условi.

    „Потребно е целосно реновирање на просторот и опремата. Се работи со застарени машини кои постојано се расипуваат“, изјавил Кирил Лазов, директор на Инспекторатот. Фирмата што ја менаџира пералната очекувала јавно-приватно партнерство, а за неисплатените плати посочува дека не добила средства.

    Од Заеднички служби велат дека е исплатен најголемиот дел од долгот кон фирмата.

    „Од 31 декември до денеска сме исплатиле 80 до 90 проценти од долгот, што е доволно за да им бидат исплатени платите на вработените“, изјави Башким Бакиу, директор на Заеднички служби.

    И Министерството за здравство најави дека проблемот ќе биде тема на владина седница.

    Прочитај повеќе

    Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ

    06.10.2026 во 20:24

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.