- Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?
- Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај
- Пронајдени шест мигранти во возило на автопатот Скопје – Куманово
- Жена од Индонезија уапсена во Скопје
- Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола
- Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил
- Грција ја зголемува минималната плата
- 30 камиони заглавени на Ќафасан: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија
Author: Author 03
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утрото ќе биде посвежо. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, слично време со минимална температура до 12 и максимална до 33 степени. До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината, а веќе од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок, врнежите ќе бидат проследени со локална појава на грмежи, а ќе дува умерен до засилен…
Без струја утре од 12:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од ул.„Кумановска“ во општина Кисела Вода. Информацијата за прекинот на струја ја пренесува РЦУК Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД.
Времето покажа дека нема значително зголемување на бројот на пријавени кандидатури од независни листи, рече претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, вечерва во интервју за „360 степени“ на МРТ. Кондарко посочи дека споредено со минатите локални избори што се одржаа во 2021 година, разликата во бројот на поднесени листи е минимална. Во 2021 година имало 27 политички партии, 7 коалиции и 91 независна листа од група избирачи, а сега има 22 политички партии, 19 коалиции и 119 поднесени листи. – Значи сè уште оперирам со терминот поднесени листи, во текот на денот ќе се објави бројот на потврдени…
Контејнерите вечерва во Кисела Вода се преполни со отпад. Од фотографиите може да се забележи дека контејнерите се преполни со смет, а ѓубре има и надвор од нив. Револтирани граѓани се жалат на непријатната миризба.
Според толкувањето на астролозите, постојат три датуми кои носат неверојатна енергија и луѓето родени токму тогаш имаат најголема шанса да постигнат голем успех. Некои датуми во астрологијата се сметаат за енергетски портали, бидејќи отвораат врата кон нови можности и носат силен поттик за успех. Оние кои го слават својот роденден тогаш, особено до 2031 година, би можеле да доживеат извонредни промени и напредок. 8 август Датум 8.8. симболизира бесконечност и моќ и спаѓа под знакот на Лав, кој претставува самодоверба и креативност. Родените на овој ден имаат природен дар за истакнување и тенденција да бидат во центарот на вниманието. Пред…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше на министерска тркалезна маса во Њујорк, посветена на темата: „Промоција и заштита на човековите права преку реформата на ОН 80“. Настанот беше организиран по покана на министрите за надворешни работи на Холандија и Чиле. Во своето обраќање, Муцунски потенцираше дека годината во која се одбележуваат 80 години од основањето на Обединетите нации е историска можност не само за славење на досегашните достигнувања, туку и за соочување со новите глобални предизвици што директно ги засегаат човековите права. „Иако организацијата има значаен придонес, светот и понатаму се соочува со сериозни закани…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на Генералното собрание на Обединетите нации објави дека Франција ја признава Државата Палестина. Тој ја соопшти одлуката на отворањето на Конференцијата за мирно решавање на палестинското прашање и примената на концептот за две држави. -Доаѓа моментот да го запреме насилството. Доаѓа моментот за мир, изјави Макрон. – Ангажманот кон мирот е единствениот пат кон спасение, додаде тој. Францускиот претседател истакна дека ова признавање отвора пат за мирно решавање на конфликтот на Блискиот Исток.
Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата 24 Анализа на телевизија 24. Тој зборуваше на актуелната тема за претстојните локални избори во земјава, и истакна дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води на сите истражувања на јавното мислење, а самиот тој очекува убедлива победа. Според него, градоначалничката трка за Град Скопје има посебна тежина, но сите општини добиваат внимание, а кандидатите активно ја претставуваат својата програма и својата визија. ,, Она коешто го гледаме од анкетите е дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите истражувања на јавното мислење и тоа не е од сега туку…
Сите изборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ се покажаа како лага, и на централно и на локално ниво – нема никаква разлика, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,Венко Филипче, во општина Гази Баба. Филипче потенцираше дека се потребни промени, а тоа може да се постигне преку локалните избори, додавајќи дека жителите на општина Гази Баба заслужуваат локална самоуправа што ќе ги слуша нивните потреби и ќе реализира проекти за подобар живот и развој на општината. „Потребни се промени, локалните избори се шанса да се испрати пораката дека граѓаните сакаат подобро, сакаат подобра Гази Баба. СДСМ на овие избори излегува со…
Експлозија се случи на пазар во турскиот град Демре, во регионот на Анталија, попладнево. Најмалку едно лице е убиено, а тројца се повредени, според агенцијата Анадолу. Експлозијата се случила во магацин на добро познат пазар за овошје и зеленчук. Властите започнаа истрага за да ја утврдат причината за експлозијата.
