- Филипче: Има незадоволство во ЗНАМ поради однесувањето на антинародна и криминална власт
- Ивица Дачиќ се бори за живот: Ставен е на респиратор
- 21-годишен скопјанец натепан во Гази Баба
- Синот на Балашевиќ, чека син
- Конечно стабилизација на времето: Сончево до крајот на неделава
- Македонија гласаше „за“ во ОН: Бараме итен и праведен мир во Украина
- Зеленски со остра порака: Јазот со Русија е преголем, пријателство нема да има уште долго
- Дилер од Охрид падна во рацете на полицијата
Author: Author 03
Месечината, најбрзо движечката планета, е во Јарец, каде што носи поволни можности за Јарците, Девиците и Биковите Месечината во Јарец во астрологијата често се поврзува со сериозен, одговорен и емоционално воздржан пристап кон животот. Луѓе кои не покажуваат чувства Луѓето со оваа положба на Месечината обично не ги покажуваат своите чувства лесно, но тоа не значи дека ги немаат; напротив, нивните чувства се длабоки, тие едноставно ги изразуваат преку постапки, грижа и сигурност. Тие често чувствуваат потреба за безбедност, стабилност и контрола, па затоа рано созреваат и преземаат одговорност дури и кога се млади. Дисциплина Тие имаат силна дисциплина, трпение и способност да…
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата. Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето. Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши…
Подгответе се за промена на времето. Според најавите на метеоролозите, претстојниот викенд ќе донесе влажен бран кој ќе го зафати поголемиот дел од земјата. По период на релативно стабилно време, не очекуваат врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините се очекува формирање на нова снежна покривка. Промената ќе започне во сабота во попладневните часови, со зголемена облачност и локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Веќе во недела, со спуштање на студена воздушна маса од север, границата на снежните врнежи ќе се спушти, па снег е можен и во некои од повисоките населени места. Температурите ќе…
Млад македонски државјанин (24) е уапсен во Белград под сомнение дека предизвикал пожар во пицерија на подрачјето на општината Палилула. Според информациите од истрагата, мотивот за инцидентот бил револт по добиен отказ од работа. Осомничениот, откако ја прекинал соработката со локалот, во текот на ноќта дошол до објектот со канистер бензин, ја полил внатрешноста и ја запалил. Она што го прави случајот уште понесекојдневен е фактот што тој целиот чин го снимил со својот мобилен телефон, а потоа видеото од пожарот им го испратил на поранешните газди. Српското Министерство за внатрешни работи потврди дека лицето е приведено и му е…
На 12.02.2026 во 15:00 часот во Полициското одделение Јегуновце, В.Р.(57) од с.Сиричино, тетовско, пријавила дека околу 15:00 часот во селото, по кратка расправија, била физички нападната од Б.Р. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Високата претставничка на Европска Унија за надворешна политика Каја Калас денеска изјави дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност. -Сите се потписници на Повелбата на Обединетите нации. Принципите се таму. Но, што се случува ако некој ги прекрши тие принципи? Одговорноста очигледно не функционира – наведе Калас на панелот „Пресвртна точка: Меѓународниот поредок помеѓу реформата и уништувањето“ на Минхенската безбедносна конференција. Таа оцени дека и Советот за безбедност не функционира како што треба, а ОН не го одразуваат светот каков што е во моментов. -Повеќето земји во светот сакаат поредок базиран на правила, тие сакаат правила што ќе регулираат како…
Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија постигнаа рамковен договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија, соопшти Белата куќа. Во заедничката изјава се наведува дека двете земји „се согласија на рамка за договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија со цел да се зајакне билатералната економска соработка и да се обезбеди проширен пристап на извозниците од двете земји до меѓусебните пазари“. Според договореното, Македонија ќе ги укине царинските давачки за американските производи. Во соопштението се нагласува дека „Северна Македонија ќе ги елиминира царинските давачки за сите индустриски и земјоделски производи од САД што се извезуваат во Северна Македонија“. Од друга…
Централното собрание на Движењето Беса вечерва во Тетово донесе одлука за сопствено распуштање, со цел да се отвори патот за целосно спојување на партиите од коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Лидерот на партијата, Билал Касами, по седницата истакна дека овој чекор е во насока на структурирање на ВЛЕН врз основа на веќе воспоставениот мораториум за индивидуални партиски активности. Касами доби овластување да ги продолжи разговорите за обединувањето, притоа нагласувајќи дека новиот субјект ќе се води според принципот на правда и волјата на гласачите, објави 4news.mk На прашањето дали тој ќе застане на чело на новата заедничка партија, Касами одговори…
Една жена загина, а неколку други лица се повредени денеска во Сараево кога градски трамвај излета од шините на еден од најпрометните улици во близина на Националниот музеј на Босна и Херцеговина и Амбасадата на САД. „Едно лице загина. Според моменталните податоци, две лица се повредени. Обвинителот е информиран, а полицајците се на терен“, соопшти Министерство за внатрешни работи. Според достапните информации, трамвајот излетал од шините околу пладне и притоа ја пробил заштитната ограда и се лизнал десет метри на патот. Целиот преден дел од трамвајот бил уништен. Во несреќата жената била згмечена од трамвајот кога излетал од шините. За…
На 11.02.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
