Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од ВЛЕН, ќе одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна

    Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од ВЛЕН, ќе одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна

    12.02.2026 во 23:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Централното собрание на Движењето Беса вечерва во Тетово донесе одлука за сопствено распуштање, со цел да се отвори патот за целосно спојување на партиите од коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Лидерот на партијата, Билал Касами, по седницата истакна дека овој чекор е во насока на структурирање на ВЛЕН врз основа на веќе воспоставениот мораториум за индивидуални партиски активности.

    Касами доби овластување да ги продолжи разговорите за обединувањето, притоа нагласувајќи дека новиот субјект ќе се води според принципот на правда и волјата на гласачите, објави 4news.mk На прашањето дали тој ќе застане на чело на новата заедничка партија, Касами одговори дека е подготвен да преземе каква било обврска доколку тоа биде заедничка проценка.

    На состанокот била анализирана и работата на досегашните владини функционери од редовите на Беса. Касами посочи дека постои капацитет за многу повеќе работа од она што е сработено досега, најавувајќи дека наодите од анализите ќе бидат земени предвид при претстојната реконструкција на Владата.

    Во однос на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека мандатарот е тој што ја составува Владата, Касами потврди дека се свесни за процедурите, но беше дециден за партиското влијание во коалицијата.

    „Сè додека е политичка влада во која учествува Беса, како дел од ВЛЕН, Беса одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна“, изјави Касами.

    Процесот на евалуација го опфаќа и министерот Фатмир Лимани, кој пред седницата истакна дека за неговата позиција ќе пресудат реализираните проекти и сработеното во изминатите 16-17 месеци. Лимани порача дека е потребна разумност и зачувување на структурата на ВЛЕН, предупредувајќи дека секое нарушување на единството би значело враќање назад и отворање простор за други политички структури во извршната власт.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.