Author: Author 03

На денот кога лозарите го одбележуваат Св. Трифун – симболот на македонското лозарство и винарство – сведоци сме на нетранспарентни и задоцнети мерки. Го прашуваме министерот за земјоделие дали имавме рекордна цена или задоцнета мерка за проблем кој постои веќе втора година? Винскиот сектор носи околу 20% од бруто земјоделското производство и претставува еден од клучните извозни адути на државата. Одлуката за финансиска поддршка од 10 денари по килограм за веќе откупено винско грозје од сортите Вранец и Кратошија од реколта 2025, отвора сериозни дилеми – без објавена економска анализа, без проценка на пазарните ефекти и без јасни критериуми кои…

Повеќе

Винарската визба „Тиквеш“ годинава го одбележува празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун, почитувајќи ја традицијата и фокусирајќи се на иновациите и зелената технологија, кои се неопходни за да се создадат врвни вина и да се оствари успех на динамичниот и конкурентен вински пазар. Свечениот чин на закројување на лозјата во Лепово го извршија поглаварот на МПЦ- ОА, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, во присуство на министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор, институции, лозари и соработници на „Тиквеш“. Со овој традиционален чин симболично беше означен…

Повеќе

Вчера лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол, од нив двајца малолетници. Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои четири во Гостивар, двајца во Тетово и по еден во Велес, Кичево и Битола затоа што управувале возило без возачка дозвола. Малолетник од Битола претходно со возило удрил во пешак и му било одземено возилото, а исто така, во Гостивар е одземен мопед од малолетник кој со него удрил во полициски службеник кој вршел службенои…

Повеќе

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денес присуствуваше на традиционалното закројување на лозјата што го организираше Факултетот за земјоделски науки и храна по повод празникот Свети Трифун. На настанот беше промовиран проект за модернизација и одржливост преку дигитално земјоделство, а беше претставена и дигитална опрема набавена преку проектот кој е поддржан од Центарот за меѓународна соработка и развој на Словенија. „Неопходно е забрзано да работиме во сите сфери, особено во високото образование, затоа што тоа е основата за повисок економски раст, за технолошки напредок и општествен развој. Само со силни универзитети и продуктивна наука можеме да изградиме модерна држава…

Повеќе

Значаен инфраструктурен проект за Општина Чаир влегува во фаза на реализација. Модерниот булевар „Мит’хат Фрашери“ претставува важен чекор кон подобрување на патната инфраструктура и создавање пофункционална и побезбедна сообраќајна мрежа за граѓаните. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, реализираа теренска посета со цел одблиску да се информираат за започнувањето на основниот проект за изградба на булеварот, на делницата од раскрсницата со улицата „Џон Кенеди“ до раскрсницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од 1,4 километри. Проектот предвидува современи сообраќајни решенија, вклучувајќи:– 4 сообраќајни ленти (по 2 во секоја насока);– Централен зелен…

Повеќе

Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа (плата) во странство дека се приближува законскиот рок за поднесување на електронска пресметка и доставување соодветни докази за остварениот доход.Физичките лица, даночни резиденти на Република Северна Македонија, кои во текот на календарската 2025 година оствариле доход од работа од странство, се должни преку системот е- Даночни услуги да поднесат електронска пресметка за доход остварен од странство: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam.Обврската за поднесување електронска пресметка постои без разлика дали данокот во странската држава е платен или не е платен. Даночните обврзници кои оствариле доход од странство имаат…

Повеќе

Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица најави дека партијата ќе поднесе кривична пријава за Цвета Ристовска, член на ДКСК, која вчера си поднесе оставка од комисијата. „Се лаже госпожата дека овде завршува нашата и ваша борба за поправеден систем! Напротив, нашиот правен тим и спрема и кривична пријава за лажирање на податоците од Анкетниот лист за прикривање на фирмите на нејзините синови, вели Апасиев во објава на социјалните мрежи и додава дека тоа е стипулирано кривично дело според важечкиот Кривичен законик. Апасиев, укажува и на фактот дека ако Левица не ги објавела серијата скандали поврзани со Ристовска, таа уште…

Повеќе

Со закројување на винова лоза во дворот на црквата „Свети Трифун“ во н.м. Ајватовци, Општина Илинден традиционално го одбележа празникот посветен на заштитникот на лозарите – Св. Трифун. Чинот на закројување, како симбол на нов почеток и плодна година, се одржа во присуство на бројни граѓани, љубители на виното и поддржувачи на локалната традиција. Во рамки на манифестацијата „Саем на домашно вино“, во организација на црковниот одбор при црквата „Свети Трифун“, а под покровителство на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, беше организиран избор на најквалитетно домашно произведено вино на територија на општината. Настанот годинава обедини 9 производители на домашно…

Повеќе

СДС повторно шират лаги и манипулации сметајќи дека некој ќе им верува. За да ја потврдиме нивната лага, ја пренесуваме вистинската вистина. Владата на СДС никогаш немала издвоено 140 милиони евра за Програмата за финансиска поддршка на земјоделството. Вистината е многу поинаква, веднаш по доаѓањето на власт, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди 137 милиони евра за земјоделците. Вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по денешните обвинувања од СДСМ дека власта ги остави лозарите и земјоделците без пари, скратувајќи им 40 милиони од она што им следува. „Дополнително, сведоци сме дека и тие малку средства што беа креирани, уште помалку се исплаќаа. Владата…

Повеќе

Го честитам денешниот празник на лозарите, посакувам да биде успешна година, да има богат род. За жал, сметам дека лозарите оваа година немаат да има добри вести во однос на тоа што значи поддршка од страна на владата за развој на овој сектор. Овој сектор земјоделството во мало го означува пристапот на оваа власт генерално во државата. Кражба,  пљачка и незаинтересираност за луѓето, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче.  „Имено откога ги фатија од Европа како крадат европски пари и го суспендираа ИПАРД програмата, сега владата ја намалува и Програмата за субвенции во земјоделството во целост. Од 140 на 100 милиони евра. Значи…

Повеќе