Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Зајакнувањето на критериумите за напредување во наставно-научните звања е клучно за повисок квалитет на високото образование

    Јаневска: Зајакнувањето на критериумите за напредување во наставно-научните звања е клучно за повисок квалитет на високото образование

    14.02.2026 во 14:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска денес присуствуваше на традиционалното закројување на лозјата што го организираше Факултетот за земјоделски науки и храна по повод празникот Свети Трифун.

    На настанот беше промовиран проект за модернизација и одржливост преку дигитално земјоделство, а беше претставена и дигитална опрема набавена преку проектот кој е поддржан од Центарот за меѓународна соработка и развој на Словенија.

    „Неопходно е забрзано да работиме во сите сфери, особено во високото образование, затоа што тоа е основата за повисок економски раст, за технолошки напредок и општествен развој. Само со силни универзитети и продуктивна наука можеме да изградиме модерна држава што ќе се развива и ќе биде рамноправен дел од глобалната заедница“, рече министерката Јаневска во обраќањето, посочувајќи дека со пакетот закони за високото образование, кој е во процедура, се поставуваат јасни правила за работа на универзитетите, со цел да се обезбеди квалитетна и релевантна наука, одговорни професори и резултати корисни за општеството.

    Зајакнувањето на критериумите за напредување во наставно-научните звања во високото образование е клучен чекор за обезбедување повисок квалитет на наставата и науката.

    „Наставниот кадар, професорите се тие кои треба да инспирираат извонредност кај студентите што ги слушаат и гледаат. Нивниот квалитет се мери преку публикациите во списанијата со импакт фактор. Ова е светски стандард. Позиционирањето на универзитети на Шангајската листа е цел што ја има секоја држава и секој универзитет. Немаме време за просечни резултати и половични решенија. Затоа и предност при вработување на универзитетите ќе имаат најдобрите студенти. Така ќе изградиме квалитетен подмладок кој ќе ја зајакне науката и ќе биде двигател на иднината на државата“, рече министерката Јаневска. Со желба за богат род, министерката Јаневска го честиташе празникот, посакувајќи да донесе здравје, бериќет и заедништво.

    На раководството на Факултетот за земјоделски науки и храна му порача во иднина уште поинтензивно да работи на истражувања и научна работа и час поскоро да ја реализира идејата за основање на иновациски хаб кој ќе помогне во унапредување и дигитализација земјоделството.

    Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.