Author: Author 03

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска учествуваше на јавната дебата посветена на новиот предлог-закон за средно образование. Според неа, постојното законско решение е застарено и не одговара на потребите на современиот образовен систем, поради што се неопходни суштински промени. Клучните столбови на новиот закон вклучуваат унапредување на средното стручно образование, воведување на концептот за дуално образование како системско решение, како и зголемена автономија на училиштата. Министерката истакна дека целта е да се создаде кадар кој ќе биде директно подготвен за пазарот на труд, но и да се овозможи квалитетна подготовка за оние кои планираат да продолжат на високо…

Повеќе

Македонските работници создаваат повеќе од двојно поголема економска вредност од она што го добиваат како плата, покажуваат податоците на Меѓународната организација на трудот (ILO), кои денеска ги посочи Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според индикаторот за бруто домашен производ по одработен час, продуктивноста во Македонија изнесува околу 34 американски долари по час, што е над светскиот просек од 23,27 долари. Пресметано на месечно ниво, со просечни 168 работни часови, еден работник создава 297.024 денари економска вредност. Наспроти тоа, нето минималната плата во државата изнесува 24.379 денари, што значи дека работник кој зема минимална плата добива само 17 проценти од…

Повеќе

На денот кога лозарите го одбележуваат Св. Трифун – симболот на македонското лозарство и винарство – сведоци сме на нетранспарентни и задоцнети мерки. Го прашуваме министерот за земјоделие дали имавме рекордна цена или задоцнета мерка за проблем кој постои веќе втора година? Винскиот сектор носи околу 20% од бруто земјоделското производство и претставува еден од клучните извозни адути на државата. Одлуката за финансиска поддршка од 10 денари по килограм за веќе откупено винско грозје од сортите Вранец и Кратошија од реколта 2025, отвора сериозни дилеми – без објавена економска анализа, без проценка на пазарните ефекти и без јасни критериуми кои…

Повеќе

Винарската визба „Тиквеш“ годинава го одбележува празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун, почитувајќи ја традицијата и фокусирајќи се на иновациите и зелената технологија, кои се неопходни за да се создадат врвни вина и да се оствари успех на динамичниот и конкурентен вински пазар. Свечениот чин на закројување на лозјата во Лепово го извршија поглаварот на МПЦ- ОА, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, во присуство на министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор, институции, лозари и соработници на „Тиквеш“. Со овој традиционален чин симболично беше означен…

Повеќе

Вчера лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол, од нив двајца малолетници. Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои четири во Гостивар, двајца во Тетово и по еден во Велес, Кичево и Битола затоа што управувале возило без возачка дозвола. Малолетник од Битола претходно со возило удрил во пешак и му било одземено возилото, а исто така, во Гостивар е одземен мопед од малолетник кој со него удрил во полициски службеник кој вршел службенои…

Повеќе

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денес присуствуваше на традиционалното закројување на лозјата што го организираше Факултетот за земјоделски науки и храна по повод празникот Свети Трифун. На настанот беше промовиран проект за модернизација и одржливост преку дигитално земјоделство, а беше претставена и дигитална опрема набавена преку проектот кој е поддржан од Центарот за меѓународна соработка и развој на Словенија. „Неопходно е забрзано да работиме во сите сфери, особено во високото образование, затоа што тоа е основата за повисок економски раст, за технолошки напредок и општествен развој. Само со силни универзитети и продуктивна наука можеме да изградиме модерна држава…

Повеќе

Значаен инфраструктурен проект за Општина Чаир влегува во фаза на реализација. Модерниот булевар „Мит’хат Фрашери“ претставува важен чекор кон подобрување на патната инфраструктура и создавање пофункционална и побезбедна сообраќајна мрежа за граѓаните. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, реализираа теренска посета со цел одблиску да се информираат за започнувањето на основниот проект за изградба на булеварот, на делницата од раскрсницата со улицата „Џон Кенеди“ до раскрсницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од 1,4 километри. Проектот предвидува современи сообраќајни решенија, вклучувајќи:– 4 сообраќајни ленти (по 2 во секоја насока);– Централен зелен…

Повеќе

Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа (плата) во странство дека се приближува законскиот рок за поднесување на електронска пресметка и доставување соодветни докази за остварениот доход.Физичките лица, даночни резиденти на Република Северна Македонија, кои во текот на календарската 2025 година оствариле доход од работа од странство, се должни преку системот е- Даночни услуги да поднесат електронска пресметка за доход остварен од странство: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam.Обврската за поднесување електронска пресметка постои без разлика дали данокот во странската држава е платен или не е платен. Даночните обврзници кои оствариле доход од странство имаат…

Повеќе

Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица најави дека партијата ќе поднесе кривична пријава за Цвета Ристовска, член на ДКСК, која вчера си поднесе оставка од комисијата. „Се лаже госпожата дека овде завршува нашата и ваша борба за поправеден систем! Напротив, нашиот правен тим и спрема и кривична пријава за лажирање на податоците од Анкетниот лист за прикривање на фирмите на нејзините синови, вели Апасиев во објава на социјалните мрежи и додава дека тоа е стипулирано кривично дело според важечкиот Кривичен законик. Апасиев, укажува и на фактот дека ако Левица не ги објавела серијата скандали поврзани со Ристовска, таа уште…

Повеќе

Со закројување на винова лоза во дворот на црквата „Свети Трифун“ во н.м. Ајватовци, Општина Илинден традиционално го одбележа празникот посветен на заштитникот на лозарите – Св. Трифун. Чинот на закројување, како симбол на нов почеток и плодна година, се одржа во присуство на бројни граѓани, љубители на виното и поддржувачи на локалната традиција. Во рамки на манифестацијата „Саем на домашно вино“, во организација на црковниот одбор при црквата „Свети Трифун“, а под покровителство на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, беше организиран избор на најквалитетно домашно произведено вино на територија на општината. Настанот годинава обедини 9 производители на домашно…

Повеќе