Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

    Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

    25.02.2026 во 18:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Минималната плата не е само бројка, туку прашање дали едно семејство ќе може да ја плати сметката за струја, дали ќе има доволно храна до крајот на месецот. Денес зборуваме за тема што не е само бројка на хартија, туку реалност за илјадници семејства. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците за живот континуирано растат, а истовремено синдикатите предупредуваат дека ниту три минимални плати не ја покриваат синдикалната кошница, посочи пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната собраниска седница.

    Тој укажа дека минималната плата мора да обезбеди минимум достоинство за живот. Ако работникот работи полно работно време, а останува сиромашен, тогаш системот не функционира.

    „Држава во која работник што работи полно работно време, а не може да живее од сопствената плата, е држава која потфрла во својата основна социјална функција. Висината на минималната плата, динамиката на растот и начинот на усогласување се директно поврзани со борбата против сиромаштијата кај вработените, намалувањето на нееднаквостите и обезбедување на достоинствени услови за работа“, појасни Цветков.

    Во 2026 година, за еден месец, синдикалната кошница се зголемила за 1.000 денари. Во однос на февруари 2025 година, синдикалната кошница се зголеми за 3.609 денари, а во споредба со 2022 година за скоро 30.000 денари.

    „Затоа минималната плата мора да се усогласува автоматски со трошоците за живот и просечната плата за да обезбеди барем минимум достоинство кај работникот. Наместо политички калкулации на власта, треба да донесеме одлука што ќе биде вистинска поддршка за работникот  и за неговата егзистенција“, заклучи пратеникот на СДСМ, Борче Цветков.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.