Author: Author 03

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео-порака до јавноста со која директно ги демантираше гласините кои во текот на денот масовно се ширеа на социјалните мрежи дека тој е мртов или тешко повреден во некој од иранските напади. Во краткото видео, Нетанјаху изгледа во добра здравствена состојба и им се обраќа на граѓаните на Израел, но и на меѓународната јавност, порачувајќи дека неговата влада продолжува со зацртаните воени цели. „Како што можете да видите, јас сум тука. Гласините за мојата смрт се лажни и се дел од психолошката војна на нашите непријатели“, истакна Нетанјаху во своето обраќање. Тој додаде дека Израел…

Повеќе

По острите пораки од Берлин, и Велика Британија официјално потврди дека нема намера да се вклучи во воениот судир меѓу САД и Иран. Британската влада јасно стави до знаење дека Лондон не планира да испраќа свои трупи или да учествува во офанзивните дејствија што ги покрена администрацијата на Доналд Трамп. Министерот за одбрана на Обединетото Кралство, во изјава за медиумите, нагласи дека приоритет на Британија останува деескалацијата на тензиите во регионот и заштитата на меѓународното право. „Велика Британија нема да оди во војна. Нашата примарна цел е смирување на ситуацијата преку дипломатски канали“, гласи официјалниот став на Даунинг стрит. Британските…

Повеќе

Голема здравствена тревога го потресе Универзитетот Сент Ендрус во Шкотска, откако двајца студенти починаа како последица на менингитис во рок од само неколку дена. Трагичниот настан предизвика паника меѓу студентската популација, која со часови чека во долги редици пред локалните амбуланти за да добие превентивна терапија. Според британските медиуми, починатите се две млади момчиња на возраст од 19 и 21 година. Здравствените власти веднаш започнаа масовна акција за сузбивање на ширењето на опасната бактерија. Студентите, кои носат заштитни маски на лицата, велат дека стравот е огромен бидејќи симптомите на оваа болест се појавуваат нагло и можат да бидат фатални за…

Повеќе

Две деца на возраст од 3 и 4 години од кумановско село се затруле со течност која се користи за земјоделски култури, соопшти денеска СВР Куманово. Случајот во полицијата го пријавил лекар од Општа болница Куманово вчера околу пладне. „Биле донесени две деца на возраст од 3 и 4 години од Кумановско, кои биле затруени од течност која се користи за земјоделски култури. По извршен преглед тие се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопштија од полицијата. Од кумановската болница информираат дека при клиничкиот преглед децата биле во добра општа состојба и виталните параметри биле стабилни. „Поради можност…

Повеќе

Израелските воздухопловни сили (IAF) извршија силен напад врз главниот град на Иран, при што целосно е уништен Иранскиот институт за вселенски истражувања. Од објектот, кој се наоѓа во срцето на Техеран, по нападот не остана речиси ништо, а социјалните мрежи се преплавени со снимки од огромниот облак чад што се издига над градот. 🇺🇸🇮🇱🇮🇷‼️Os EUA e Israel destruíram uma importante instalação do Centro de Pesquisa Espacial Iraniano em Teerã, reduzindo o local a ruínas.A instalação realizava pesquisas em satélites e tecnologia espacial, apesar das sanções em vigor. pic.twitter.com/yQvRKRok1M— Conservatism And Elegance 🇺🇲 (@ThayzzySmith) March 15, 2026 Според израелските воени извори,…

Повеќе

Германската влада упати директна порака до администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека евентуалната воена операција против Иран нема никаква врска со Северноатлантската алијанса. Официјален Берлин предупредува дека секое проширување на борбените дејствија и обид за вовлекување на НАТО би донело катастрофални ризици за партнерите на Блискиот Исток. Портпаролот на германската влада, Стефан Корнелиус, на прес-конференција во Берлин беше дециден во однос на карактерот на Алијансата како одбранбен сојуз. „Ова не е војна на НАТО и нема никаква врска со НАТО бидејќи Алијансата е одбранбен сојуз“, изјави Корнелиус, одговарајќи на новинарски прашања поврзани со последните закани на Трамп. Тој…

Повеќе

Македонскиот народен театар ве поканува на комеморација во спомен на истакнатиот актер Кирил Поп Христов – Кили, која ќе се одржи на 18 март (среда) во 11 часот, на големата сцена во Македонскиот народен театар. На комеморацијата, семејството, колегите, пријателите и почитувачите на неговото дело ќе имаат можност да се простат и да му оддадат почит на уметникот, кој со својата силна сценска појава, искреност, духовитост и препознатлив актерски дух остави длабока трага во македонската театарска уметност и култура. Кирил Поп Христов – Кили ќе остане запаметен како актер со автентична енергија, ведар дух и големо срце, како колега кој несебично ја споделуваше љубовта кон…

Повеќе

Денес Кочани и Македонија оддава почит на невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината сè уште се силни, но силно е и сеќавањето на сите оние кои не се меѓу нас, пишува на социјалните мрежи министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски по повод годишнината од пожарот во дискотеката Пулс. Нека споменот за овие чисти души биде вечен!, се дополнува во објавата на Андоновски.  

Повеќе

Денес, со тежина во срцата, но со вечен спомен, се поклонуваме пред ликовите на нашите сограѓани, пријатели и чеда кои прерано не напуштија. Диме Димитријев, Сара Алексова, Моника Спасова, Тоше Тодоровски, Александар Коларов, Адријан Живков, Александар Алексов, Горги Величков, Јорданчо Џамов, Иван Трајчев, Џоко Горгиев, Александар Глигоровски, Иван Величков, Андреј Стојанов, Ивона Антова, Павел Христовски, Никола Насевски, Тоше Богданов, Ана Коцева, Гордан Петрушов, Игорче Горгиев, Филип Стевановски, Томче Стојанов, Моника Стоименова, Стојанчо Стојанов, Сара Пројковска Николовска, Марија Шопова, Александар Горгиев, Петар Ивановски, Бојана Закова, Матеј Марковски, Горѓи Василков, Александар Петров, Андреја Горѓиевски, Марија Стрезоска, Александар Ефремов, Лепа Тасева Стојковска, Игор…

Повеќе