- Заработете 2.150 евра за три месеци: ДЗС бара поранешни војници и полицајци за гаснење на пожари
- Град Скопје: Започна уредувањето на паркот „Македонија“, се поставува нова урбана опрема
- Проект „Градски воз“: Со воз од Маџари до центар се патува за 5 минути
- Драстичен температурен шок во Македонија: Температурата падна за 13 степени за само 24 часа
- Позната здравствената состојба на повредениот сопственик на опожарената викендица во Штип
- Спасовски: Владата нема план за ЕУ, Мицкоски две години ја замајува јавноста
- Пијан правел хаос во Свети Николе: Приведен маж, дивеел на улица, па се заканувал на полицајци во станица
- Приведени двајца камионџии на Деве Баир
Author: Author 03
Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ. Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре. Сега на сите им е јасно дека станува збор за „платформа за рушење на СДСМ“, велат од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.
Српскиот претседател Александар Вучиќ порача дека Србија продолжува со забрзано темпо да ги зајакнува своите одбранбени капацитети. Тој нагласи дека инвестициите во војската не се насочени кон никого, туку служат како гарант за мирот и стабилноста во регионот. Вучиќ истакна дека современата безбедносна ситуација во светот бара од државите да бидат подготвени за секакви сценарија, а Србија, како воено неутрална земја, мора да се потпре на сопствените сили. „Србија гради силна одбрана. Нашата цел е нашата земја да биде толку силна, што никој никогаш нема да помисли да нè нападне“, изјави Вучиќ при посетата на воени капацитети. Тој најави и…
Штип вечерва ќе им оддаде почит на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и на Александар Коларов, кои пред една година починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во 18.30 часот ќе се постави камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај малата фонтана во близина на градскиот плоштад Слобода. Во рамките на спомен-обележјето ќе има пет гулаби и еден ангел, а ќе бидат изгравирани и имињата на загинатите штипјани. Од Општината велат дека Штип стои заедно со Кочани во овие тешки моменти, обединети во болката, но и во надежта. Вечерва, на плоштадот Слобода, од 19.10 часот, ќе се…
Најновата ескалација во Ормутскиот Теснец, една од најкритичните точки за светската трговија, ја извади на површина сериозната неподготвеност на западните сили за долготраен и интензивен поморски конфликт. Како што пренесува британскиот сервис Би-Би-Си (BBC), и покрај технолошката надмоќ, западните морнарици се соочуваат со логистички и стратешки празнини кои Иран вешто ги користи. Аналитичарите посочуваат дека децениското фокусирање на копнени војни го ослабна капацитетот за водење војна на море против непријател кој користи асиметрични тактики, како што се роеви од брзи чамци и противбродски ракети. „Кризата во Ормутскиот Теснец ја покажува неподготвеноста на Западот за поморски конфликт од вакви размери“, се…
По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот – пријатели кои ја разбираат нашата болка и сочувствуваат со трагедијата, пишува на социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Искрена благодарност до сите земји кои дадоа несебична и силна поддршка – како за лекувањето на македонските пациенти во странство, така и за третманот на пациентите во нашата земја. Тоа е силен гест на хуманост и солидарност што нашата држава ќе го памети засекогаш, стои во објавата на Муцунски на ФБ.
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска упати сочувство до семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани велејќи дека и по една година, сè уште е тешко да се поверува дека се случила ваква трагедија. – Некои празнини времето никогаш не успева да ги пополни. Некои рани, колку и да минуваат денови, месеци или години, засекогаш остануваат во срцето на еден народ. Денес се навршува една година од најцрниот ден во поновата историја на Македонија. Една година без нашите ангели. И колку и да поминува времето, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија. Не требаше…
Хрватската полиција, во соработка со Царинската управа, спроведе успешна акција во Загреб при која е запленето поголемо количество тутун и цигари без соодветни акцизни маркички. Запленетата стока била наменета за препродажба на црниот пазар, со што е спречена значителна штета врз државниот буџет. При претресот на објекти и возила кои ги користеле осомничените лица, полициските службеници пронашле прецизно спакувани пратки со тутун кои не го поминале законскиот процес на оданочување. „Одземени се вкупно 52 килограми ситно сечкан тутун и 23.400 парчиња цигари кои не биле означени со задолжителните акцизни маркички на Министерството за финансии“, соопштија од загрепската полиција. Против лицата…
Американскиот претседател Доналд Трамп упати драматично соопштение до јавноста, тврдејќи дека воената моќ на Иран е речиси целосно неутрализирана по серијата масовни воздушни и поморски напади. Според неговите зборови, американските сили извршиле прецизни удари врз илјадници стратешки точки ширум земјата. Трамп истакна дека операцијата била со невиден интензитет и дека иранскиот отпор е скршен на клучните фронтови. „Иранската морнарица е уништена. Нивните воздушни сили повеќе не постојат. Погодивме над 7.000 цели во Иран“, изјави Трамп во својот препознатлив стил, нагласувајќи ја надмоќта на американската војска. Според информациите од Белата куќа, нападите биле насочени кон воени бази, складишта за ракети, командни…
63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 приказни што прерано запреа, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање. Засекогаш ќе останат дел од нашите мисли, нашата тишина и нашето сеќавање, пишува во објавата на ФБ на премиерот Христијан Мицкоски.
Следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во снег. Како што информира УХМР, утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната од 11 до 15 степени. Во Скопје претпладне ќе биде облачно, а…
