Author: Author 03

Педесетгодишен скопјанец е уапсен откако направил сериозен инцидент пред маркет во населбата Ѓорче Петров, каде нападнал две лица, а потоа со закани ја внел својата поранешна партнерка во автомобил и физички ја нападнал. Настанот се случил на 18 февруари околу 22:50 часот. Полицијата го привела П.Г. (50) од Скопје по пријава дека пред маркет најпрво физички ги нападнал В.С. (40) од Скопје и С.В. (51) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој потоа со закани ја натерал својата 44-годишна поранешна партнерка да влезе во неговото возило, по што физички ја нападнал. При проверките било утврдено дека осомничениот бил под дејство на…

Повеќе

Институтит за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование, кои биле утврдени на состанок на неговиот научен кадар. Директорката Елена Јованова-Грујовска изјави дека побарале да нема интервенција откако беше спомнато дека може ќе се намалува бројот на студиски програми на кои се запишани двајца до пет студенти. -Во ера на глобализација многу е битно да останат студиите од прв, втор и трет циклус на македонски јазик, затоа што ако во Македонија не се изучуваат, каде да бараме да се изучуваат на друго место. Потоа побаравме изедначување на критериумите за одење во следните звања. Институтот вработи солиден број кадар…

Повеќе

Доаѓањето на пролетта годинава носи многу повеќе од само промена на годишното време – тоа носи длабока енергетска промена и преминување во целосно нова фаза од животот. За четири хороскопски знаци, ова е моментот кога тркалото на судбината се врти во нивна корист и конечно ќе почувствуваат многу среќа. Риби: Емоционално исцелување и судбински средби За Рибите, пролетта означува крај на долг период на внатрешно чистење и емоционално оптоварување. Кармата сега ви ја враќа цела нежност и разбирање кои несебично сте им ги давале на другите, дури и кога сте се чувствувале погрешно сфатени. Будењето на природата, неверојатната леснотија на…

Повеќе

Користењето владин авион овозможува функционално извршување на државна работа, но е и поевтино од комерцијален лет, смета македонската претседателка Горданa Сиљановска Давкова. Според неа, би било добро да се има понов, поголем и побезбеден авион, со кој повеќе лица од делегацијата би можеле да отпатуваат и да се вратат, а во кој исто така би можело да има и новинари кои би ја проследиле посетата. – Што да кажам? Ајде, да ве насмеам. Владиното авионче, моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, бидејќи е најмалo и најстарo. Јас можам да кажам за мене, употребата на владиното…

Повеќе

Портпаролката на Влада, Марија Митева му возврати на Андреј Жерновски од СДСМ . „Со жалење ја следам паничната и хистерична реакција на Жерновски и СДС. Интегритетот на Жерновски во македонската политика, кој смени едно чудо партии, е еднаков на една стара витрина со пајажина, заборавена и надмината со времето. Го ставија во партиски тела за да се натпреварува кој ќе фрли повеќе кал, тоа е спорт омилен за мал дел од политичката елита на СДС. Обидот да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања. Кога аргументите изостануваат, остануваат инсинуациите. Кога немаат одговори,…

Повеќе

Модерниот регионален систем за отпад значи крај на импровизациите и трајно решавање на проблемот кој со децении ги мачи граѓаните– беше клучната порака од обраќањето на министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на презентацијата на новата механизација за регионалниот центар Русино. Инвестицијата во вредност од 1.114.200 евра е реализирана со поддршка од Европската банка за обнова и развој. Со новата механизација значително се зголемува оперативниот капацитет на Русино и се воведуваат современи стандарди во секојдневното работење. Оваа активност е дел од пошироката инвестиција од 55 милиони евра со која започна најголемата инфраструктурна реформа во секторот отпад во…

Повеќе

По 10 години, Јордан Митев повторно и се врати на македонската и балканска публика во Канада. Тој како и секогаш и овие три концерти распали со своите добро познати хитови и енергијата која е добро позната и својствена само нему. Спојот на хитови кои се пеат на сет глас и во еден здив и шармот и енергичноста и овој пат беа доволна провокација за да концертот во Торонто за сите наши Македонци во Канада и Соединетите Американски Држави беше исполнет до последно место и се бараше билет повеќе… – Подеднакво сум возбуден пред секој еден мој настап и концерт, подеднакво…

Повеќе

Додека власта се расфрла со луксуз, брои летови со владиниот авион, патувања на море и милионски тендери, крати пари каде што не смее. Следни на удар на оваа забегана и корумпирана власт се болните од ретки болести. Парите од програмата за ретки болести се скратени за 180 милиони денари, односно околу 3 милиони евра. Нема 3 милиони евра за пациентите, ама има за авион, за 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 74 за трета, има 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ и тендер преку пошта, изјави на прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – член…

Повеќе

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ѓ.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено и казниво по член 297-а став 2 од Кривичниот законик. Пријавениот Ѓ.К., на работно место „полицаец“ во Одделот за заштита на определени личности и објекти, на 06.02.2026 на ул. „Даме Груев“ во Скопје управувал патничко возило „сеат алтеа“ без положен возачки испит, при што како учесник во јавниот сообраќај без да поседува возачка дозвола за управување со моторно возило не се придржувал до прописите…

Повеќе

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Кочани порача дека дигиталната трансформација мора да се спроведува рамномерно и да стигне до секоја општина и до секој граѓанин, преку конкретни и практични проекти што директно го подобруваат секојдневието. На промотивниот настан за иницијативата WiFi4WB – WiFi за Западен Балкан, што се одржа во Театар „Бели Мугри“, министерот истакна дека целта е да се обезбеди подобра дигитална поврзаност токму таму каде што граѓаните секојдневно се движат, учат, работат и се дружат – во јавни простори како плоштади, паркови, библиотеки, училишта и културни институции. Во своето обраќање, министерот Андоновски нагласи: -Кога бев…

Повеќе