- Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?
- Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај
- Пронајдени шест мигранти во возило на автопатот Скопје – Куманово
- Жена од Индонезија уапсена во Скопје
- Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола
- Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил
- Грција ја зголемува минималната плата
- 30 камиони заглавени на Ќафасан: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија
Author: Author 01
Во грчки камп, синоќа околу 20:30 часот, се случи грубо двојно убиство, при што сопственикот на кампот (70) и неговиот пријател (60), кој помагал во одржување на кампот, загинаа на лице место, јавува Катимерини. Според сведоци, во кампот влегол помлад маж со маска на главата, се приближил кон жртвите и пукајќи со сачмарка, ги убил двајцата мажи. Сопственикот бил застрелан на рецепцијата, додека неговиот пријател, кој се обидел да избега, бил исто така убиен. Локалните жители и гости на кампот реагирале по истрелите и ги пронашле жртвите во локва крв. Полицијата сè уште го трага напаѓачот, кој побегнал од местото…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека води „хибридна војна“ во Германија. „Тој води информативна војна против нас. Тој води воена војна против Украина, а таа војна е насочена и против нас“, изјави Мерц за германската телевизија ntv. Мерц тврди дека рускиот претседател сака да го преврти европскиот политички поредок наопаку. „И затоа ја поддржуваме Украина“, објасни Мерц, додавајќи дека е во интерес на Германија да го брани својот политички поредок и отворените, либерални општества во Европа. На прашањето дали Путин води војна против Германија, Мерц рече: „Тој води хибридна војна против нас“. Осврнувајќи се на…
Приватните автобуски превозници во Скопје од денеска ќе сообраќаат по редовен возен ред. Сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски, за МИА потврди дека ЈСП Скопје вчера попладне им уплатило по 6 милиони денари на трите компании. „Добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари и по кординацијата со превозниците се враќаме да возиме по зададен возен ред. Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати одредена сума за да можеме да продолжиме. Тоа задоволува за наредниве две недели да возиме редовно и се надеваме дека во тој период ќе имаме средства односно уплата од…
Судија во Апелацискиот суд во Тирана е убиен за време на судско рочиште. Напаѓачот кој засега е непознат влегол во судницата и го застрелал судијата Астрит Каљаја. Веднаш бил пренесен во болница кадешто му била пружена медицинска помош. Како што јавуваат тамошните медиуми, по пукотницата во судот имало бројни полициски сили. Напаѓачот е уапсен, но идентитетот и мотивите за убиството засега не се соопштени јавно. Судијата Астрит Каљаја служел со години во албанскиот судски систем, а неодамна во Апелациониот суд во Скадар. Останува нејасно како убиецот можел да мине преку неколку физички проверки и детектори за метал.
Индиректни разговори за можен Договор за мировниот план на Соединетите Американски Држави за ставање крај на војната во Газа продолжуваат денеска во египетскиот град Шарм Ел Шеик. Сесиите се фокусирани на создавање теренски услови што би овозможиле ослободување на сите израелски заложници во замена за голем број палестински затвореници од Израел, изјавиле палестински и египетски претставници за Би-Би-Си. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата изјави дека се надева оти ќе го објави ослободувањето на заложниците во наредните денови. Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, вчера кажа дека постојат добри шанси за постигнување договор, кој, како што рече, би бил траен. „Имаме…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени. До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен…
Денешното појавување на поранешниот претседател на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и експремиер Зоран Заев во јавност (преку објава на социјалните мрежи) е само доказ дека тој е лидерот во сенка на СДСМ, кој ги влече конците во оваа партија. Ова денеска го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски, на прес-конференцијата, која, како што кажа тој на самиот почеток, е реакција на појавата во јавност на поранешниот претседател на СДСМ и поранешен премиер на државата, којшто формално, уште од почетокот на 2022-та година, не е во политиката. Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, постои целосна координација меѓу Заев…
Дваесет и петгодишно момче од кичевско загина во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во неделата изутрина на магистралниот пат Кичево-Охрид. Во ОВР Кичево е пријавено дека несреќата се случила над с.Попоец, помеѓу возило „нисан навара“ управувано од Б.С.(26) од с.Дрслајца, струшко и возило „БМВ“ управувано од А.Б.(50) од с.Грешница, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „БМВ“ Е.Б.(25) од с.Грешница, кичевско, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде што починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и…
Целта на предлог-резолуцијата е јасна – дефинирање на заедничките црвени линии и надминување на поделбите во општеството. Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче реагираше на изјавите на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ оти резолуцијата била ново предавство. „Се што предложивме е Резолуција за која требаше да има национална обединување. Таму се заедничките црвени линии. Ајде да го направиме тоа заедно, во интерес на сите граѓани. Граѓаните сакаат да видат на Македонија како напредува во Европа“, рече Филипче. Тој потсети дека и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ постојат истите ставови за националниот идентитет, кои СДСМ сега ги нуди како основа за заедничка резолуција. „Јасно…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција рече дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период се служат со спинови и лаги, па споменуваат куфери со пари, разни предавства и поделба на граѓаните во обид на, како што рече, да ја сокријат неспособноста да испорачаат вистински резултати за народот. „Немаат што да прикажат, немаат сериозен проект и се вадат и како алиби го кажуваат тоа дека за некои работи се потребни децении. Соочени се со тоа што ние го кажуваме што се сме направиле во нашиот мандат за само година или две’’, кажа тој. Вели, власта немала ниту капацитет, ниту…
