Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп: Постојат добри шанси да постигнеме договор за Газа кој ќе биде траен

    Трамп: Постојат добри шанси да постигнеме договор за Газа кој ќе биде траен

    07.10.2025 во 08:122 Mins Read
    Доналд Трамп, претседател на САД
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Индиректни разговори за можен Договор за мировниот план на Соединетите Американски Држави за ставање крај на војната во Газа продолжуваат денеска во египетскиот град Шарм Ел Шеик.

    Сесиите се фокусирани на создавање теренски услови што би овозможиле ослободување на сите израелски заложници во замена за голем број палестински затвореници од Израел, изјавиле палестински и египетски претставници за Би-Би-Си. 

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата изјави дека се надева оти ќе го објави ослободувањето на заложниците во наредните денови. 

    Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, вчера кажа дека постојат добри шанси за постигнување договор, кој, како што рече, би бил траен.

    „Имаме навистина добри шанси да постигнеме договор и тоа ќе биде траен договор“, рече Трамп.

    ХАМАС од друга страна соопшти дека делумно се согласува со предлозите кои се содржани во мировниот план на САД. Сепак, не одговори на неколку клучни барања како што се разоружување на организацијата и нејзино исклучување од натамошното управување со Газа. Вториот ден од разговорите во Шарм Ел Шеик, на кој египетските и катарските претставници ќе одржат одделни средби со делегации на Израел и Хамас, ќе се одржи на втората годишнина од нападот што го изврши Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1 200 луѓе, а 251 други беа земени како заложници.

    Нападот беше повод израелските сили да започнат воена кампања во Газа, во која, според Министерствот за здравство во Појасот, кое е под контрола на Хамас, досега се убиени 67 160 лица, меѓу кои 18 0000 се деца.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.