- Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?
- Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај
- Пронајдени шест мигранти во возило на автопатот Скопје – Куманово
- Жена од Индонезија уапсена во Скопје
- Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола
- Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил
- Грција ја зголемува минималната плата
- 30 камиони заглавени на Ќафасан: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија
Author: Author 01
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.Ц.(41) од Струмица, поранешен директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, В.М.(36) од Струмица, поранешен вршител на должноста директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица и В.Т.(42) од Струмица, заповедник на затворска полиција во Казнено-поправната установа Затвор Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување’’ по член 353 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот Б.Ц., извршувајќи ја функцијата директор на установата, и пријавениот В.М., извршувајќи ја функцијата вршител на должноста директор на установата, злоупотребувајќи ја и искористувајќи ја…
Два автомобили и магацин на маркет гореа вечерка до Зеленото Пазарче во Центарот на Скопје. Причините за пожарот не се познати, но потекнал од паркирано возило, се префрлил на друго, па потоа и на магацински простор на ланец маркети. Командирот на Скопската противпожарна бригада, Звонко Томески во изјава за Press24 рече добиле пријава за запален автомобил во 23:05 часот. -Веднаш беа упатени две противпожарни возила од Центар Автокоманда кои со самото пристигнување увидоа дека пожарот е проширен на соседниот објект кадешто било паркирано возилото. Така што испратено е уште едно противпожарно возило. Интервенцијата сѐ уште трае. Завршуваме некаде 30 минути…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.A.(19) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Тој, на 14.09.2025 во 05.10 часот, во продажен објект, а потоа и надвор од објектот, лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, со нож го нападнал Х.С.(20) од Охрид. Напаѓачот веднаш е лишен од слобода, а повредениот со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Охрид за укажување на помош.
Во предизборниот период до локалните избори на 19 октомври, Прес 24, ќе објави интервјуа со кандидатите за градоначалник на Скопје. Тие интервјуа се предвидени да ги отсликаат нивните размислувања за неколку клични точки кои се важни за идниот развој на Скопје. Интервјуата се дефинирани на исти теми и прашања, од кои гласачите ќе можат да направат компаративнин анализи на идеите на кандидатите за тие теми. Во темите опфатени се јавниот превоз, урбанизацијата на градот, чистотата, сообраќајните коридори, организацијата на локалната власт. Првото интервју е на Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ. ПРЕС24: Јавниот градски превоз е една…
Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила на 26 септември, важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите. Казната ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра. Пешакот е должен да се движи внимателно, без да користи уреди кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека, пишува во Законот. Според овие законски измени, од Нова година ригорозни ќе бидат казните за возачите…
Вкупно 10 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 12 часот на територија на државата. Четири се активни, три се ставени под контрола, а останатите се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Сѐ уште се активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода во општините Гевгелија и Македонски Брод. На Кожуф кај село Петрово гори букова шума, а на Добра Вода опожарена е ниска вегетација. Шума гори и во село Брест, Малино маало во општина Чучер Сандево. Четвртиот активен пожар е во регионот на општина Бутел. Нискостеблеста вегетација гори на булевар „Словенечка“, во близина на аквадуктот.…
Денес во Владата се одржа работна средба на која присуствуваше претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, претставници од бизнис заедницата и Мохамед Али Рашед Лута претседател и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи. На средбата премиерот Мицкоски информираше дека приоритет на Владата е економската стабилизација на земјата, односно како што рече тој да донесеме што е можно повеќе странски, директни инвестиции и секако да ги подржи домашните директни инвеститори. „Прво би сакал да ве информирам дека во текот на изминатите четири квартали, дојдовме до раст на нашиот домашен производ од нас 3%. Оваа Влада беше избрана…
„Граѓаните и патниците се изложени на ризик, Македонија изгледа несериозно пред светот, а институцијата која треба да биде симбол на професионализам е сведена на партиска филијала.“ Ова денеска го изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвинувајќи дека расипаниот радар во Контролата на летање на скопскиот аеродром е последица на партизацијата и неспособноста на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Кузеска посочи дека секој авион што слетува во Македонија сега зависи од импровизации, бавни процедури и надворешни радари од соседни земји. „Ова не е само технички дефект, ова е резултат на насилното вдомување на партиски кадри во една од најважните институции за безбедноста,“ рече таа.…
Обвинетата докторка Мери Пешевска доби условна казна за скандалот “Онкологија”, доколку во наредните пет години не го повтори делото. Таа призна вина на судското рочиште кое се одржа на почетокот на септември. Со тоа прстот го впери кон поранешниот директор Нино Васев. Пешевска тогаш истакна дека е виновна и се извини на оштетените пациенти, со тоа што посочи дека Васев бил нивни ординирачки доктор, а најзинипт факсимил бил ставен на шалтер и го користеле сите. Докторката се товари дека соработувала со поранешниот директор и небрежно постапувајќи дозволила финализирање на терапија кај седум пациенти. Пешевска уште додаде дека нејзиниот печат го…
Во текот на вчерашниот ден (21.09.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 772 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 540 прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Според статистичкиот преглед од полициските активности, вчера беа евидентирани 41 прекршок за неправилно паркирање, 50 прекршоци се изречени за возачи што управувале возила без возачки доволи, како и 28 прекршоци за возачи кај кои е регистрирано присуство на алкохол над законски дозволеното ниво. Од друга страна пак,…
