Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јаневска на конференцијата „Безбедност 2030“: Безбедноста на децата бара меѓуинституционална соработка
    • Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ
    • Пожар во Визбегово зафати два објекти во изградба
    • Сиљановска-Давкова оствари средба со ЦУП: Поддршка за иницијативата за бесплатен пристап до „Службен весник“
    • Герасимовски: Да се сплотиме, да се исправиме и да покажеме дека СДСМ има сила да оди напред
    • Муцунски во Њујорк оствари средба со британската пратеничка Карен Пирс
    • Крвав инцидент во Скопје: Со остар предмет нападнал сосед, неговата сопруга и сосетка
    • Вдовицата на Саша Поповиќ: „Ме заборавија од сцената, знам многу работи, ќе раскажам сè“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски и Али Рашед Лута извршен директор на Стопанска комора на Дубаи: Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство, да ја продлабочиме нашата соработка

    Мицкоски и Али Рашед Лута извршен директор на Стопанска комора на Дубаи: Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство, да ја продлабочиме нашата соработка

    22.09.2025 во 12:503 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес во Владата се одржа работна средба на која присуствуваше претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, претставници од бизнис заедницата и Мохамед Али Рашед Лута претседател и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи.

    На средбата премиерот Мицкоски информираше дека приоритет на Владата е економската стабилизација на земјата, односно како што рече тој да донесеме што е можно повеќе странски, директни инвестиции и секако да ги подржи домашните директни инвеститори.

    „Прво би сакал да ве информирам дека во текот на изминатите четири квартали, дојдовме до раст на нашиот домашен производ од нас 3%. Оваа Влада беше избрана пред околу 15 месеци и од самиот почеток нашиот најголем приоритет е економската стабилизација на земјата. Би сакале да се претставиме како Влада којашто е ориентирана кон бизнисот, којашто сака да ги поддржува деловните и бизнис можностите. Да донесе што е можно повеќе странски, директни инвестиции и секако да ги подржи домашните директни инвеститори. Резултатот на таквите активности е значителен раст на инвестициите во текот на изминатата втора половина од минатата година и првата половина од оваа година споредено со истиот период во претходните години. Третиот квартал во 2024 дојдовме до 3% раст на БДП, во четвртиот 2024 и првиот квартал од 2025 3,2%, а во вториот квартал дојдовме до 3,4% вистински раст на БДП. Имаме номинален раст од 7,8% што е нешто многу важно за сите нас бидејќи на самиот почеток кога го обликувавме нашиот буџет за оваа фискална година, некои од меѓународните финансиски институции беа мошне загрижени дека нема да можеме да дојдеме до 7,5% на номиналниот БДП. Но, дојдовме и над 7,5%, а тоа за нас е многу важно. Го забрзуваме градежништвото, туризмот, земјоделството, а особено внимание посветуваме на извозот на земјоделски производи коишто се произведени од нашите земјоделци и сметам дека до сега добро ни оди. Ја консолидиравме економијата и создадовме добра бизнис клима. Веќе нема политичари коишто вршат притисок врз бизнисите. Тоа беше мојот прв чекор, да ги ослободам бизнисите од надворешните политички притисоци“, истакна Мицкоски.

    Мохамед Али Рашед Лута претседател и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи на средбата рече дека соработката меѓу Македонија и Дубаи ја одразува заедничката амбиција за градење отпорни економии и поттикнување одржлив развој.

    „Трговијата меѓу нашите пазари достигна вкупно 495 милиони американски долари во текот на изминатите пет години, нагласувајќи го долгорочниот тренд на позитивен ангажман и растечки можности. Овој моментум се одразува и во растечкото присуство на македонските компании во Дубаи во различни сектори“, рече тој.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Јаневска на конференцијата „Безбедност 2030“: Безбедноста на децата бара меѓуинституционална соработка

    24.09.2026 во 21:30

    Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ

    24.09.2026 во 21:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.