Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски од терен: Изградбата на пругата кон Бугарија напредува, возови очекуваме во октомври 2028 година

    10.06.2026 во 13:49

    (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни

    10.06.2026 во 13:33

    Пороен дожд и грмежи во Кичевско и Македонски Брод, еве на каде се движат облаците

    10.06.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски од терен: Изградбата на пругата кон Бугарија напредува, возови очекуваме во октомври 2028 година
    • (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни
    • Пороен дожд и грмежи во Кичевско и Македонски Брод, еве на каде се движат облаците
    • Утре ќе нема струја до 16 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби
    • Собранието ја констатира оставката на Арбен Фетаи
    • Општина Кисела Вода организира бесплатен летен камп за ученици – аплицирањето е до 13 јуни
    • Јаневска најави пресврт: Од оваа година се воведуваат дигитални свидетелства, еве за кои одделенија ќе важат
    • Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Десет пожари на отворено денеска до 12 часот, четири активни

    Десет пожари на отворено денеска до 12 часот, четири активни

    22.09.2025 во 13:141 Min Read
    Принтскрин/ЦУК
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 10 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 12 часот на територија на државата. Четири се активни, три се ставени под контрола, а останатите се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Сѐ уште се активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода во општините Гевгелија и Македонски Брод. На Кожуф кај село Петрово гори букова шума, а на Добра Вода опожарена е ниска вегетација.

    Шума гори и во село Брест, Малино маало во општина Чучер Сандево.

    Четвртиот активен пожар е во регионот на општина Бутел. Нискостеблеста вегетација гори на булевар „Словенечка“, во близина на аквадуктот.

    Под контрола се два пожари во Гази Баба и еден во Студеничани. Во село Трубарево опожарен бил електричен отпад, во село Виниче – место викано „Муратица“ горела нискостеблеста шума, а во село Батинци – ниска вегетација и мешана шума.

    Изгаснатите пожари биле на територија на општините Струмица, Кочани и Тетово. Во селата Банско и Бели гореле депонии, а во Тетово опожарено било ѓубре.

    Прочитај повеќе

    Николоски од терен: Изградбата на пругата кон Бугарија напредува, возови очекуваме во октомври 2028 година

    10.06.2026 во 13:49

    (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни

    10.06.2026 во 13:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.