25-годишен жител на Тетово бил приведен вчера вечерта на улицата „Крушевачка“, откако полицијата утврдила дека се барал со судска наредба за издржување затворска казна.
Станува збор за казна затвор во траење од три години и шест месеци, за кривично дело предвидено во член 188 став 5 од Кривичниот законик.
По приведувањето, лицето било спроведено во затворот „Идризово“, каде што треба да ја издржува казната.

