Апсење во Гази Баба и Чаир- две лица приведени

Во изминатите 24 часа, две лица биле уапсени, едео во Гази Баба, а другото во Чаир на „Џон Кенеди“ поради поседување на дрога.

„На 18.06.2020 по добиена судска наредба извршен е претрес во дом и други простории кај Р.С.(30) од Скопје. Притоа пронајдени биле една тегла со тврда кафеава материја  (хашиш) во маса околу 77 грама и една паковка со марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

На 19.06.2020 во 03,55 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Џон Кенеди“, го лишиле од слобода Н.К.(24) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“ соопштуваат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2020 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега