Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    МВР презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето кое фрли ѓубре во Радика

    09.09.2026 во 18:02

    Петмина приведени на вчерашниот концерт на Дејвид Гета

    09.09.2026 во 11:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: Путин сака договор за завршување на војната во Украина
    • Маж од Струга прјавил дека е киднапиран, а сега ќе одговара бидејќи лажел
    • Женска тепачка по претходна расправија
    • ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
    • Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
    • Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
    • Пронајдени стебла канабис во близина на струшки села
    • Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава, ќе добие и тројца нови монаси
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија окована во студ: Измерени -4 степени и 26 сантиметри снег

    Македонија окована во студ: Измерени -4 степени и 26 сантиметри снег

    03.10.2025 во 09:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 4 степени и има најмногу снег, 26 сантиметри. 

    Како што информира УХМР,  висината на снежната покривка е 16 сантиметри во Лазарополе, 12 во Маврови Анови, шест во Ѓуриште и три сантиметри во Дебар.

    До 8:30 часот се иземерени -2 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 0 во Крушево, 1 во Тетово, 2 во Крива Паланка, Прилеп, Виница и Штип, 3 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Битола, Претор, Кавадарци, Берово, 4 во Демир Капија и Струмица и 5 Гевгелија.

    Најмногу врнежи изминатите 24 часа до 8 часот имало во Струмица, 52 литри на метар квадратен, во Гевгелија 51, 50 во Демир Капија, 47 во Скопје-Петровец, 46 во Тетово, 45 во Пожар-Радовиш, 40 во Пожаране, 37 во Виница, 35 во Ѓуриште, 34 во Крива Паланка и Маврови Анови, 33 во Попова Шапка, 32 во Штип, 31 во Велес, 30 во Тополчани, 28 во Скопје-Зајчев Рид и Битола, 25 во Прилеп, 23 во Крушево и Берово, 22 во Претор и Куманово и 18 во Лазарополе.

    Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

    Во Скопје, облачно и студено, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината со повремен дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

    Прочитај повеќе

    Маж од Струга прјавил дека е киднапиран, а сега ќе одговара бидејќи лажел

    09.09.2026 во 23:21

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.