Close Menu
Press24
    Најново

    По пријави од граѓани, Министерството за финансии казни две финансиски друштва и им забрани да одобруваат кредити

    25.11.2026 во 14:11

    Кражба во католичката црква на Бит-пазар: Украдена дарохранителница со осветени хостии

    25.11.2026 во 14:04

    Сиљановска-Давкова: Не сум одговорна за работата на Народната банка и гувернерот Славески

    25.11.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По пријави од граѓани, Министерството за финансии казни две финансиски друштва и им забрани да одобруваат кредити
    • Кражба во католичката црква на Бит-пазар: Украдена дарохранителница со осветени хостии
    • Сиљановска-Давкова: Не сум одговорна за работата на Народната банка и гувернерот Славески
    • Спасовски: На Светскиот ден против насилството врз жените ја видовме Сиљановска-Давкова како без почит се однесува кон пратеничка
    • Студентите би добивале 1.000 денари повеќе месечно за храна, најави Мицкоски
    • Скршен телефон ја предизвикал расправијата, па следувале закани кон малолетничка и нејзината баба
    • Работеле цел месец, но не добиле плата: Сопственик на тетовска фирма пријавен за измама
    • Три малолетни деца со подолг период трпеле физичко и психичко малтретирање, приведени родителите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По пријави од граѓани, Министерството за финансии казни две финансиски друштва и им забрани да одобруваат кредити

    По пријави од граѓани, Министерството за финансии казни две финансиски друштва и им забрани да одобруваат кредити

    25.11.2026 во 14:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за финансии ссоопшти дека спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва.

    Вонредниот надзор е спроведен во последните три месеци постапувајќи по пријави од граѓани при што презеде соодветни мерки согласно законските прописи, наведуваат од МФ.

    Министерството за финансии укажува дека спроведува континуиран надзор над работењето на финансиските друштва. Притоа од јули 2024 година  има изречено мерка за одземање четири дозволи за работа на финансиски друштва, привремено затворање на три финансиски друштва, глоби на 18 финансиски друштва во вкупен износ од 3.040.323 денари или околу 49.400 евра, како и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.

    Надзорот над финансиските друштва се спроведува согласно Законот за финансиските друштва и подзаконските акти, преку континуирано вонтеренско следење и непосредни контроли.

    Активностите на финансиските друштва се следат континуирано при што особено внимание се посветува на претставките, пријавите и информациите доставени од граѓаните, како значаен извор на сознанија за работењето на овие субјекти и за евентуалните ризици за корисниците на финансиски услуги.

    При тоа, секоја претставка или пријава доставена до Министерството за финансии се разгледува во рамките на неговите законски надлежности и во зависност од содржината и наводите, се преземаат соодветни активности.

    Надзорот и засиленото следење на работењето на финансиските друштва, продолжува и во иднина, со цел унапредување на законитоста и транспарентноста во работењето и зајакнување на заштитата на граѓаните како корисници на финансиски услуги.

    Министерството за финансии ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности во работењето на финансиските друштва да поднесат пријава. Пријавите може да се достават преку архивата на Министерството за финанси, по пошта на адреса ул. „Даме Груев“ бр.12 Скопје и на електронската адреса: prijavafd@finance.gov.mk.

    Прочитај повеќе

    Студентите би добивале 1.000 денари повеќе месечно за храна, најави Мицкоски

    25.11.2026 во 13:37

    Контроли по пријави од граѓани: Две финансиски друштва привремено без право да даваат кредити

    25.11.2026 во 11:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.