Close Menu
Press24
    Најново

    Контроли по пријави од граѓани: Две финансиски друштва привремено без право да даваат кредити

    25.11.2026 во 11:42

    Исчезна 14-годишната Божица: Активиран системот „Пронајди ме“

    25.11.2026 во 11:38

    Уапсен уредникот на „Информер“ – Полицајци го пресретнале пред телевизијата

    25.11.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Контроли по пријави од граѓани: Две финансиски друштва привремено без право да даваат кредити
    • Исчезна 14-годишната Божица: Активиран системот „Пронајди ме“
    • Уапсен уредникот на „Информер“ – Полицајци го пресретнале пред телевизијата
    • Драма во Македонија: Го тепале додека си го држел детето во раце
    • УХМР со предупредување: Следуваат обилни врнежи, викендот носи пресврт
    • Бомба фрлена врз куќата на директор на државна компанија во Србија
    • Зеленски го следат речиси девет милиони луѓе, а тој следи само една личност – еве за кого станува збор
    • ВМРО-ДПМНЕ најавува повисоки пензии во 2027
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Контроли по пријави од граѓани: Две финансиски друштва привремено без право да даваат кредити

    Контроли по пријави од граѓани: Две финансиски друштва привремено без право да даваат кредити

    25.11.2026 во 11:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две финансиски друштва се соочуваат со привремена забрана за одобрување кредити во период од 30 дена, како и со парични казни поради утврдени неправилности во работењето. Мерките ги изрече Министерството за финансии по спроведен вонреден надзор, кој бил инициран по пријави од граѓани.

    Од Министерството информираат дека контролите биле спроведени во изминатите три месеци, при што биле преземени мерки согласно законските прописи.

    Оттаму посочуваат дека контролата врз финансиските друштва е континуирана, а од јули 2024 година досега се одземени четири дозволи за работа, додека три финансиски друштва биле привремено затворени.

    Во истиот период, глоби им биле изречени на 18 финансиски друштва во вкупен износ од 3.040.323 денари, односно околу 49.400 евра. Дополнително, биле издадени и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на констатираните неправилности.

    Надзорот се спроведува преку редовно следење на работењето и непосредни контроли, при што посебно внимание им се посветува на претставките и пријавите од граѓаните.

    Министерството за финансии најавува дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел поголема законитост и транспарентност во работењето на финансиските друштва и подобра заштита на корисниците на финансиски услуги.

    Граѓаните кои сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности можат да поднесат пријава до Министерството за финансии преку архивата, по пошта на улица „Даме Груев“ бр. 12 во Скопје или на електронската адреса prijavafd@finance.gov.mk.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Драма во Македонија: Го тепале додека си го држел детето во раце

    25.11.2026 во 11:19

    УХМР со предупредување: Следуваат обилни врнежи, викендот носи пресврт

    25.11.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.