Променливо и претежно облачно време со повремени врнежи од дожд нè очекува во наредните денови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
На одредени места врнежите ќе бидат поинтензивни, при што се очекува да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар во текот на 24 часа.
Со падот на температурите за време на викендот, врнежите постепено ќе преминуваат во дожд и снег.

