На Светскиот ден на борбата против насилството врз жените видовме како претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова без почит се однесува кон пратеничка, изјави пратеникот Оливер Спасовски, стои во соопштението за јавност.
Спасовски оцени дека мора да постои взаемна почит за да има добар однос и порача дека никој, вклучително и претседателката на државата, не може да се однесува како тутор над Собранието и да се повикува на легитимитетот на институција која исто така го добива легитимитетот од граѓаните.
„Во тој правец, денеска овде сте како сведок, а не како некој којшто ќе дели лекции, бидејќи веќе не сте во тоа својство, како што и самите кажавте“, рече Спасовски, додавајќи дека претседавачот треба веднаш да реагира доколку претседателот на државата се однесува со непочитување кон институцијата што го повикала.

