19-годишник од тетовското село Пирок е осомничен за предизвикување општа опасност откако со автомобил „јагуар“ удрил во „фолксваген голф“, кој излетал од патот и се превртел.
СВР Тетово поднело кривична пријава против А.П.(19) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Според пријавеното, на 25 јули 2026 година на патот Тетово – Гостивар, пријавениот управувајќи го патничкото возило „јагуар“ удрил во „фолксваген голф“, управуван од Ф.Р.
Од ударот „голфот“ излетал од патот и се превртел, додека пријавениот продолжил со движење со своето возило.

