Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски најави два нови закони

    25.11.2026 во 12:26

    Во странство го потврдувате на англиски, кажете го и дома на македонски: Жерновски бара извинување од Мицкоски

    25.11.2026 во 12:23

    Мицевски до Сиљановска-Давкова: Кои се вашите надлежности во случајот со Алта банка

    25.11.2026 во 12:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски најави два нови закони
    • Во странство го потврдувате на англиски, кажете го и дома на македонски: Жерновски бара извинување од Мицкоски
    • Мицевски до Сиљановска-Давкова: Кои се вашите надлежности во случајот со Алта банка
    • Нови училници и едносменска настава во ОУ „Ацо Шопов“: Мицкоски присуствуваше на отворањето
    • (ФОТО) Акциите за почисто Скопје продолжуваат: Ѓорѓиевски порача дека нема толеранција за намерно загадување
    • Забрана за издавање кредити и казни за две финансиски друштва: Министерството за финансии спроведе вонреден надзор
    • Акција на Интерпол во Македонија – Уапсени две лица
    • Контроли по пријави од граѓани: Две финансиски друштва привремено без право да даваат кредити
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски најави два нови закони

    Мицкоски најави два нови закони

    25.11.2026 во 12:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос на тоа како законски ќе се реши помошта од државата за млади брачни парови при купување стан, односно за комуналиите и како ќе се одредува просечната цена, изјави:

    „Најверојатно ние ќе одиме со два специјални закони во Парламентот, коишто веќе се работат. Министерството за транспорт и мојот Кабинет ги работат законите. Зборувам за првиот закон во којшто брачните парови до 35 години ќе добијат право, односно ќе се стекнат со право да добијат станбен простор којшто ќе биде по цена од 20% пониска од онаа просечната, пазарната во таа катастарска општина во претходната година. 

    Утрово разговарав и со директорот на Катастар, тие изготвуваат таков тип на анализа, за третиот квартал е завршена. Го задолжив да во текот на денот ме информира каква е состојбата во првите три квартали од годината. И очекувам многу скоро денес да ја добијам оваа анализа и ќе можеме и јавно да објавиме каква е состојбата со катастарските општини онаму каде што има продадено новоградба на станбени единици и од тоа ќе можат потоа граѓаните, односно оние коишто ги исполнуваат условите согласно критериумот да си прават калкулации, планови и така натаму во иднина. Значи тоа ќе биде специјален закон којшто наскоро ќе се најде пред пратениците. 

    И исто така вториот специјален закон е оној закон во којшто општините на овој профил брачни парови нема да наплатат комуналии за изградба на куќа. И ја сум убеден и бидејќи веќе голем дел од градоначалниците ми се јавуваат со идеи дека имаат неколку хектари земја сакаат да ја урбанизираат, да ја парцилизираат, да ја понудат по 1 евро за ваков профил на брачни парови, што е добро. И ја сум убеден дека и овие два закона и овие две мерки ќе вродат со плод и ќе се интензивира и ќе се олесни практично домувањето кај овој профил на брачни парови.“

    Прочитај повеќе

    Во странство го потврдувате на англиски, кажете го и дома на македонски: Жерновски бара извинување од Мицкоски

    25.11.2026 во 12:23

    Нови училници и едносменска настава во ОУ „Ацо Шопов“: Мицкоски присуствуваше на отворањето

    25.11.2026 во 12:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.