Тетовска фирма и нејзиниот 39-годишен сопственик и управител се кривично пријавени за измама, откако на четворица ангажирани работници од Јажинце не им ги исплатиле заработените пари.
СВР Тетово поднело кривична пријава против правно лице од Тетово и Ф.Е.(39), сопственик и управител на фирмата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Според пријавеното, во периодот од 11 јуни до 2 јули 2026 година, пријавениот ангажирал четири лица од Јажинце за работа во неговата фирма.
По завршување на месецот, ниту им ги исплатил заработените парични средства, ниту пак ги пријавил во Агенцијата за вработување.

