21-годишник од Струмица завчера бил лишен од слобода под сомнение дека извршил обљуба врз 12-годишна малолетничка.
Од МВР информираат дека Ф.С.(21) бил приведен од полициски службеници на СВР Струмица.
„Според пријавеното, тој истиот ден во Струмица извршил обљуба врз 12-годишна малолетничка“, соопштуваат од полицијата.
За настанот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

