Close Menu
Press24
    Најново

    Прва ваква казна во историјата на ЕУ – Бугарија пред санкција, на удар и Унгарија

    25.11.2026 во 10:03

    „Вучиќ не е Србија, СНС не се Србите“ – СДСМ со жестоки обвинувања за новата иницијатива

    25.11.2026 во 09:59

    Поранешен младински репрезентативец пронајден мртов во својот кревет – имаше само 38 години

    25.11.2026 во 09:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Прва ваква казна во историјата на ЕУ – Бугарија пред санкција, на удар и Унгарија
    • „Вучиќ не е Србија, СНС не се Србите“ – СДСМ со жестоки обвинувања за новата иницијатива
    • Поранешен младински репрезентативец пронајден мртов во својот кревет – имаше само 38 години
    • Украински дронови ја нападнаа нафтената индустрија во Самара: Запалени две рафинерии
    • Трамп подготвува нови царини за ЕУ
    • ВРЕДИ до Ахмети: Три закони за албанскиот јазик донесовте, но ниту еден не го реши прашањето
    • (ВИДЕО) „Наследивме заглавен проект, денес сме речиси пред крајот“: Ѓорѓиевски за клучката кај Момин Поток
    • Мицкоски на средба со Македонци во Србија: „Македонија секогаш ќе биде дом за сите Македонци“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Прва ваква казна во историјата на ЕУ – Бугарија пред санкција, на удар и Унгарија

    Прва ваква казна во историјата на ЕУ – Бугарија пред санкција, на удар и Унгарија

    25.11.2026 во 10:031 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската комисија соопшти дека на Бугарија ѝ се заканува финансиска казна до 23 милиони евра поради неспособноста да го стави под контрола буџетското трошење, додека поради состојбата на јавните финансии Брисел упати остри критики и до Унгарија, пишува „Политико“.

    За разлика од Унгарија, чија казна ќе биде ограничена на замрзнување на средствата од фондовите на ЕУ бидејќи финансиските казни до 0,02 отсто од БДП се предвидени исклучиво за членките на еврозоната, Бугарија би можела да се соочи со двете мерки, а точниот износ допрва треба да биде утврден.

    Економскиот комесар Валдис Домбровскис изјави дека одлуката за казната се очекува на крајот од оваа година или на самиот почеток на следната година, при што двете земји ризикуваат да останат без дел од европските фондови доколку до пролет не ги исполнат фискалните барања на Брисел.

    Предупредувањата се издадени во рамките на Европскиот семестар, а за Бугарија, која се приклучи кон еврозоната во јануари, евентуалната казна би имала и симболична тежина како прв случај во историјата на ЕУ една земја да биде казнета за кршење на фискалните правила според кои буџетскиот дефицит мора да биде под 3 отсто, а јавниот долг под 60 отсто од БДП.

    Прочитај повеќе

    Важно известување за сите кои планираат да патуваат во Грција – граѓаните излегуваат на штрајк

    25.11.2026 во 09:20

    Лажел дека има акутна леукемија: Добил донации од 190.000 евра

    24.11.2026 во 10:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.