Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека шест танкери за нафта експлодирале, се запалиле и потонале во Ормускиот теснец, пренесува „Ал Џезира“.
Според официјалните наводи, инцидентите започнале откако бродовите наишле на мини додека минувале јужно од теснецот, и покрај тоа што се движеле под заштита на американски воени авиони. Во соопштението се нагласува дека еден од танкерите што удрил во поморска мина превезувал повеќе од два милиони барели нафта пред да потоне поради силните експлозии.
Од ИРГЦ порачаа дека овие акции претставуваат одговор на наводното кршење на прописите во овој витален поморски пат:
„Нашите акции во Ормускиот теснец се одговор на блокадата и кршењето на упатствата во теснецот и ние ќе се справиме решително со танкерите што ги кршат прописите. Предупредуваме дека јужниот премин на Ормускиот теснец е миниран и дека бродовите што ќе одговорат на американските упатства ќе бидат запалени.“

