Двајца мажи на возраст од 45 и 26 години биле приведени во Неготино, откако полицијата при претреси во нивните домови пронашла и одзела дрога и други предмети.
Станува збор за 45-годишен жител на селото Дуброво и 26-годишен жител на Неготино, кои биле лишени од слобода на 15 ноември.
При претресот во домот на постариот маж била пронајдена марихуана, додека во домот на вториот биле одземени марихуана, бела прашкаста материја, пари и ризли.
Претресите биле извршени со судски наредби од Основниот суд во Кавадарци.
Двајцата биле приведени во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

