Полицијата регистрираше четири нови случаи на семејно насилство во неколку градови низ земјава, во кои се пријавени физички напади врз сопруги и родител, како и упатени закани.
Во Берово, 43-годишна жена вчера во 15:30 часот пријавила во ОВР Берово дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Д.
Истиот ден, полициски службеници од ОВР Кочани во 18:30 часот го лишиле од слобода 67-годишниот Д.Ј. од Кочани, откако неговата 58-годишна сопруга пријавила дека околу 15:00 часот во нивниот дом ѝ упатил закани.
Случај на физичко насилство е забележан и во струшко, каде што во ОВР Струга било пријавено дека Ј.Б. во семејниот дом физички го нападнал својот 67-годишен татко.
Во кичевско село, пак, синоќа во 22:20 часот полицијата го уапсила 59-годишниот Ц.А., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата сопруга.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на сите четири поединечни случаи, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

