Close Menu
Press24
    Најново

    30-дневен притвор за Давор Мацура, сопственикот на Алта Банка АД Белград

    04.11.2026 во 13:59

    Претепани сопруги и родители – Серија случаи на семејно насилство во Берово, Кочани, Струга и Кичево

    04.11.2026 во 13:56

    Охриѓанец ги собра парите на покер турнирот во Малта – дома ќе однесе цело богатство

    04.11.2026 во 13:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 30-дневен притвор за Давор Мацура, сопственикот на Алта Банка АД Белград
    • Претепани сопруги и родители – Серија случаи на семејно насилство во Берово, Кочани, Струга и Кичево
    • Охриѓанец ги собра парите на покер турнирот во Малта – дома ќе однесе цело богатство
    • Тројца тешко повредени во судир на „мерцедес“ и „цитроен“ во Скопје – едниот возач е малолетник
    • Филипче: Кој ќе ја преземе Алта банка
    • Ѓорѓиевски и Гулам: Билатералните спорови не смеат да го кочат патот на Македонија кон ЕУ
    • Брисел: Клучните реформи мора да се спроведат, Македонија целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика
    • Не застанал на полициски знак, удрил во возило на МВР, па ги нападнал полицајците – 27-годишник заработи кривична
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 30-дневен притвор за Давор Мацура, сопственикот на Алта Банка АД Белград

    30-дневен притвор за Давор Мацура, сопственикот на Алта Банка АД Белград

    04.11.2026 во 13:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    30-дневен притвор за Давор Мацура, сопственикот на Алта Банка АД Белград. Освен за Мацура, Вишиот суд во Белград притвор определи и за уште две лица, Г.М. и И.П., осомничени за помагање на делото.

     Според судот, кај тројцата постојат околности што укажуваат на опасност од влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело. Кај Мацура дополнително е утврдена и опасност од бегство.

    Обвинителството се сомнева дека Мацура, во периодот до 31 октомври, ги пречекорувал своите овластувања и неовластено изнесувал пари од трезорот на „Алта банка“. Според српското Обвинителство, на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 45 милијарди српски динари, или околу 385 милиони евра.

    Г.М., директор на Одделот за трезор и управување со готовина, и И.П., соработник за трезорско работење, се осомничени дека му овозможувале пристап. Обвинителството наведува дека тоа го правеле со предавање картички за влез или со користење на сопствените картички и лично присуство.

    По налог на обвинителството, на 31 октомври и 1 ноември биле извршени претреси во просториите на банката и во домот на Мацура. Истовремено бил направен и попис на готовината во трезорот. 

    Мацура ги негирал сомневањата при сослушувањето пред Јавното обвинителство за организиран криминал. Неговата одбрана тврди дека нема доказ оти неговиот клиент влегувал во сефот или поседувал картички за пристап, оспорувајќи ги наводите од кривичната пријава.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ даде мрачна прогноза за светот по поразот на Трамп

    04.11.2026 во 11:26

    Вучиќ: Србија стана банана држава

    04.11.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.