Close Menu
Press24
    Најново

    Коњановски со отчет за првата година од мандатот: Вложени 164,5 милиони денари во битолската инфраструктура

    02.11.2026 во 10:27

    „Брвеница не е покритие за Алта банка“ – СДСМ со нови обвинувања до Мицкоски

    02.11.2026 во 10:23

    Повеќе од 10 степени разлика од град до град: УХМР ги измери температурите и најави до кога ќе врне

    02.11.2026 во 10:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Коњановски со отчет за првата година од мандатот: Вложени 164,5 милиони денари во битолската инфраструктура
    • „Брвеница не е покритие за Алта банка“ – СДСМ со нови обвинувања до Мицкоски
    • Повеќе од 10 степени разлика од град до град: УХМР ги измери температурите и најави до кога ќе врне
    • ВМРО-ДПМНЕ: ВРЕДИ како тројански коњ во Брвеница
    • Портокалов аларм во Италија: Затворени училиштата во неколку градови
    • Мицкоски: „Сами против сите во Брвеница, ние со програма, тие со националната карта”
    • Зеленски изрази подготвеност за средба со Путин во Турција под покровителство на Ердоган
    • (ФОТО) Се санираат улиците во Центар: Нов асфалт на 930 квадратни метри на „Загребска“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Коњановски со отчет за првата година од мандатот: Вложени 164,5 милиони денари во битолската инфраструктура

    Коњановски со отчет за првата година од мандатот: Вложени 164,5 милиони денари во битолската инфраструктура

    02.11.2026 во 10:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, објави отчет за извршените активности во првата година од новиот мандат, во кој се наведени над 10 километри реконструирани и нови патишта, над 3 километри мрежа за водовод и канализација и 220 нови паркиралишта.

    За реализација на овие проекти од општинскиот буџет беа издвоени околу 164,5 милиони денари за активности во градот и околните населени места.

    Во делот на сообраќајните решенија реализиран е булеварскиот влез во градот од страната на Прилеп, изградена е улицата „СТУ 3“ со 100 паркиралишта, проширен е паркинг просторот на „Браќа Џаферови“ за 25 возила и се обезбедени над 70 места на „СТУ 9“ во АРМ четврт 3.

    Патната мрежа е обновена со нов асфалт на улиците „Леринска“, „Козара“, „11 Март“, „Панде Николов“ и „Панде Кајзеро“, додека на „Чеде Филиповски“ сè уште се работи. Улицата „Маркс и Енгелс“ доби целосно нова подземна и површинска инфраструктура.

    Со нов асфалт се покриени и три краци од улицата „Даме Груев“ во Мал Париз, изградена е поврзувачката улица „СРУ 5“ меѓу „Партизанска“ и „Крушевска Република“, а се работи и на улицата „Дебарска“.

    Инфраструктурните зафати опфатија и неколку сообраќајници во село Братиндол, Трн, Карамани, Раштани, доградба на патот кон Буково, како и пристапните патишта до црквата во Ротино и манастирот „Св. Меркуриј“ во Барешани.

    Со цел зголемување на безбедноста на пешаците, општината постави и нови пешачки семафори на две фреквентни точки на Широк Сокак.

    Прочитај повеќе

    Парите остануваат на сметките, но повлекувањето е ограничено – што треба да знаат клиентите на АЛТА банка?

    02.11.2026 во 08:44

    Од полноќ нови цени на горивата во Македонија

    02.11.2026 во 08:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.