Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поевтинуваат бензините од полноќ: Ова се новите цени на горивата
    • ДС: Двојно повеќе деца-жртви, над 50 проценти повеќе деца престапници во 2025-та
    • Тешко повреден 17-годишен мопедист, возачот на автомобилот побегнал од местото на несреќата
    • Шасивари се сретна со вршителот на должност во амбасадата на Катар, се разговараше за соработка во правосудството
    • Падна цената на нафтата
    • Андоновски: Работна група изработува план за заштита на податоците на осигурениците и системите
    • Од четврток лична карта и возачка на мобилен – започнува примената на електронскиот паричник
    • Дождот ќе преминува во снег, потоа стабилизација, па повторно пресврт на времето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поевтинуваат бензините од полноќ: Ова се новите цени на горивата

    Поевтинуваат бензините од полноќ: Ова се новите цени на горивата

    26.10.2026 во 13:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89% во однос на одлуката од 19 октомври 2026 година.

    Од полноќ, односно од 27 октомври од 00:01 часот, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 5,00 денари по литар.

    Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува непроменета, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари по литар. Мазутот М-1 НС поскапува за 0,694 ден/кг.

    Согласно новата одлука, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    • ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 91,00 (денари/литар)
    • ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 93,00 (денари/литар)
    • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 99,00 (денари/литар)
    • Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 110,00 (денари/литар)
    • Мазут М-1 НС – 54,273 (денари/килограм)

    Промените доаѓаат како резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, каде бензините бележат намалување во просек за 8,120%, екстра лесното масло за 0,074%, додека дизелот забележа раст од 0,404%, а мазутот од 2,060%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,3292%.

    Во одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за Еуродизел од 10%, како и намалениот износ на акцизата од 4,00 денари по литар за бензините и дизелот. Од РКЕ напоменуваат дека трговците на големо и мало можат да ги формираат цените и пониско од највисоките утврдени гранични износи.

    Прочитај повеќе

    Падна цената на нафтата

    26.10.2026 во 12:40

    Николоски: Македонија вложува од 5 до 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

    26.10.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.