Општина Центар започна со подготовка на новиот Локален еколошки акционен план (ЛЕАП 3), кој ќе ги утврди главните предизвици поврзани со животната средина и мерките за нивно решавање во периодот од 2026 до 2032 година.
Во процесот се повикани да се вклучат и жителите на општината, кои преку анонимна анкета ќе можат да ги посочат проблемите со кои се соочуваат и да предложат решенија за подобрување на животната средина.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека мислењата на граѓаните ќе помогнат во утврдувањето на приоритетите и планирањето на идните активности за подобри услови за живот во Центар.
Од општината информираат дека анкетата е анонимна, а граѓаните можат да ја пополнат преку следниот линк.

