Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Со туѓи лични податоци земале брзи кредити: Голема измама во Македонија, вклучени и банкарски службеници
    • Дневен хороскоп: Финансиски фокус за Биковите и комуникациски успеси за Близнаците
    • РСБСП со апел пред продолжениот викенд: Возете внимателно и почитувајте ги правилата
    • удскиот совет под лупа на пратениците: 425 претставки и 90 барања за одговорност
    • ОБСЕ, ОН и ЕУ на дебата за измени на Законот за народниот правобранител
    • Се слави Светиот апостол Јаков Алфеев – Ден посветен на верата, молитвата и добрите дела
    • Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк
    • Тмурно и врнежливо низ Македонија, УХМР ги измери утринските температури – Од попладне „потоп”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Со туѓи лични податоци земале брзи кредити: Голема измама во Македонија, вклучени и банкарски службеници

    Со туѓи лични податоци земале брзи кредити: Голема измама во Македонија, вклучени и банкарски службеници

    22.10.2026 во 09:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Седум лица се опфатени со кривична пријава за измами со брзи потрошувачки кредити во Куманово, со кои, според полицијата, била остварена противправна имотна корист од над 12,2 милиони денари.

    Според информациите од СВР Куманово, две жени на возраст од 23 и 35 години се сомничат за измама и злоупотреба на лични податоци. Во периодот од јануари до јули 2026 година, помладата од нив, наводно, во 18 наврати користела лични податоци на други лица за да аплицира за брзи кредити без нивна согласност.

    По одобрувањето и исплатата на кредитите, парите биле противправно присвоени од двете осомничени, наведува полицијата.

    Во случајот се опфатени и пет лица на возраст од 27 до 48 години, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка. Тие се сомничат дека со злоупотреба на службената положба и овластување овозможиле спроведување на измамата и располагање со одобрените средства.

    На тој начин, според пријавата, на двете жени им била овозможена противправна имотна корист во вкупен износ од 12.221.500 денари.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    РСБСП со апел пред продолжениот викенд: Возете внимателно и почитувајте ги правилата

    22.10.2026 во 08:56

    удскиот совет под лупа на пратениците: 425 претставки и 90 барања за одговорност

    22.10.2026 во 08:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.